Македонија
    |         |         |    
BSP_ready_tan

Дали сакаш нов тен ова лето? Имај ги на ум овие правила за безбедно сончање!

Нега пред сончање

  1. За да ја подготвиш кожата за сончање, нанеси крем за сончање околу 15-20 минути пред изложување на сонце, така што состојките целосно ќе се апсорбираат во кожата и ќе формираат заштитен слој.
  2. На првиот ден од одморoт или ако имаш светол тен, користи го највисокиот заштитен фактор.
  3. Ако не сакаш да се појавиш на плажа без шминка, провери дали твојата пудра/ББ крем и балсам за усни имаат заштитен фактор и дали твојата маскара е водоотпорна.
  4. Исто така заштити ја твојата коса. Спрејот за коса ќе ја заштити твојата коса од УВ зраци, сувост и солена вода.

Нега за време на сончање

  1. Повторно нанеси крем за сончање, особено после пливање или играње во вода. Направи го тоа најмалку секои 2 часа додека си на плажа.
  2. Стави шапка и очила за сонце. Не постои друг начин да ги заштитиш очите од УВ зраците, а покрај тоа, ќе изгледаш модерно и заводливо.
  3. Стави наметка, која ќе ја заштити твојата чувствителна кожа и ќе уживаш во прошетка по плажата без да ти е жешко.
  4. Ако не сакаш ветрот да ти ја замрси косата, стилизирај ја со алаткта од Avon за пунџа за уреден изглед на плажа.

Нега после сончање

  1. За нега на кожата после сончање користи колекција за разладување на кожата. Овие производи се базираат на смирувачко алое и ублажувачки путер за лекување на кожата, оставајќи прекрасен тен.
  2. Хидрирај ја кожата на лицето со примена на хидратантен крем за лице што ќе ти помогне да го обновиш здравиот сјај.
  1. Грижи се за твојата коса. Нанеси интензивна маска за коса со длабоко навлажнувачки состојки или третирај ја со масла кои се богати со хранливи материи.
  2. Подобри го твојот тен со сончогледово семе и кокосово масло. Исто така, можеш да користиш лосиони за после сончање за да го задржиш тенот подолго време.