Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Како да изгледаш совршено на фотографија?

Кога си на одмор, правиш илјадници фотографии; а сепак, ако треба да ги избереш оние кои навистина ти се допаѓаат, тоа нема да биде наједноставниот избор, зарем не? Размачкана маскара, смешни лица, вештачки пози ... за жал! Еве неколку едноставни совети кои ќе ти помогнат да ги избегнеш ваквите пропусти.

Како да позираш на сликите?

• Опуштено! Не стој вкочането пред објективот. Само запомни да не се подгрбавуваш. Твојот став треба да вели: јас сум среќна, јас сум на прекрасен одмор, јас уживам во овој прекрасен момент!

• Не ги ставај рацете во џеб. Ако немаш идеја што да правиш со рацете, фати се за гајките од ременот.

• Застани кон изворот на светлина. Топлите сончеви зраци додаваат енергичен сјај на твоето лице. Не се криј во сенките – остави ги темните уметнички фотографии на професионалци.

Која е твојата најдобра портрет слика?

• Заборави на популарниот “duck face”, не го плази јазикот надвор и не се обидувај да правиш смешни фаци – барем не на секоја фотографија!

• Истражи ги опциите пред огледалото и фрли поглед на твоите стари фотографии. Фацијалните мускули сакаат да се истегнуваат! Во меѓувреме, ќе ја пронајдеш најдобрата насмевка и со гледањето на старите фотографии ќе научиш што треба да правиш.

• Ако имаш тенденција да трепкаш додека се фотографираш, обиди се да ги затвориш очите за кратко и потоа широко отвори ги непосредно пред да се создаде фотографијата. Твоите очи добиваат експресивен изглед, а ти нема да трепнеш на блицот.

Како да изгледаш прекрасно на фотографиите?

• Стави шминка! Да, ние разбираме дека се обидуваш да бидеш природна на одмор, но тоа и не е така фотогенично! Земи со себе основна козметика која ќе ја заврши работата.

• Ти треба пудра, коректор, прав и маскара – ова е минималниот комплет. Избери светла, мат и добро покривна пудра. Твојата кожа треба да дише и дополнителен товар за време на жештините е неприфатливо. Скриј ги несовршеностите со коректор – помалку транспарентни, толку подобро.

•  Контурирај го обликот на лицето. На пример, пробај го повеќенаменскиот молив за боење и чувај го во чантата, тоа е постојан незаменлив производ! Нагласи ги очите во лето со водоотпорна маскара. Заврши го изгледот со мат кармин, по можност. Фотографиите сакаат класични резолуции, црвени и розови, но и пудра боја нијанси.

Твојата летна кутија за прва помош:

• Ако тенот изгледа многу уморно, порите се видливи, а со нив и малите воспалувања и брчки, размисли за користење на ефикасен крем за прикривање на несовршеностите. На пример, пробај го Anew Vitale BB кремот со витамини Е, Ц и А, кои претставуваат совршен спасител, а твојата кожа станува мазна и беспрекорна.

• Ако твојата коса е нееластична и безволна, тогаш лесно се мрси на ветер. Серумот или спрејот за коса помага да се обнови сјајот и го олеснува расчешлувањето, а косата станува пофлексибилна.

• Професионалните модели работат пстојано на својот изглед! И ти можеш да го правиш истото. Дали копнееш за свршени фотографии во бикини? Размисли пред да започне твојот одмор и осигурај се дека имаш тело кое е во форма! Побарај поддршка од напредниот антицелулитен гел третман кој ефективно ќе го намали целулитот за само 4 недели.

• Насмевни се! Само запомни – не се само усните кои се смеат, туку и очите!