Македонија
    |         |    
Арганово масло - предности и употреба - AVON Македониjа

Арганово масло-предности и употреба. Што можеш да добиеш со користење на ова течно злато

Природните производи базирани на органски состојки се најдобриот избор за нас, не само во кујната, туку и во козметиката. Дали си слушнала за арганово масло? Ако не, дефинитивно треба да се запознаеш со ова! Дознај какви придобивки можеш да стекнеш со помош на ова течно злато!

Маслата во последните неколку години стануваат сè попопуларни. Тие се користат како состојки на козметичките производи, или можат директно да се нанесуваат на кожата и косата. Ваквите третмани за нега на убавина не се новитет; всушност, тие се добро познати со години, ако не и векови! Жените ги користеле овие масла уште во античките времиња, па дури и кралевите низ целиот свет ги ценеле нивните корисни квалитети.

Во минатото, маслата биле достапни само за најбогатите луѓе, бидејќи неколку капки од оваа скапоцена, рачно изработена состојка можела да чини цело богатство. За среќа, денес сите ние можеме целосно да ги уживаме нивните корисни својства.

Дали вреди? Апсолутно!

Масло од арган – предности, својства

Аргановото масло или уште попознато како „Мароканско течно злато“ потекнува од плодовите на дрвото Argania spinosa. Еден литар масло се добива од неколку десетици килограми овошје - овој аспект влијае и на цената на скапоценото масло. Постојат два вида масло од арган: еден се користи како прехранбен производ, кој меѓу другото го намалува нивото на лошиот холестерол и ја подобрува циркулацијата и имунитетот, а другиот се користи во козметиката.

Кои се својствата на аргановото масло кога се нанесува на кожата? Тоа е многу богато со масни киселини и витамин Е. Маслото е одличен лек за сува и груба кожа, помага во борбата и лекувањето на лузни, ги елиминира брчките и - парадоксално - ги намалува проблемите на мрсната кожа.

Аргановото масло е исто така познато по своите анти-воспалителни и поволни квалитети кога се нанесува и на косата. Ако твојот проблем е коса без сјај со расцветани врвови, истражи и дознај повеќе за оваа состојка!

Арганово масло – каде да го пронајдеш?

Аргановото масло може да се користи во својата сирова форма, но иако носи многу придобивки, ваквата употреба има и неколку недостатоци. Поради ова, маслото од арган се користи како составен дел на многу козметички производи кои ги искористуваат позитивните квалитети во комбинација со други состојки, што во голема мера го подобрува процесот на апликација.

Каде може да ја пронајдеш оваа скапоцена состојка? Во производите од линијата Planet Spa за негување на телото, лицето, како и маслото за коса; во пилингот за лице од истата линија, во серумот за коса, кремот за раце, па дури и во Avon True маскарата.

Те советуваме внимателно да ги одбираш ваквите производи, бидејќи тие ја прават негата на убавината не само извонредно пријатна, туку и ефикасна.

Козметичките производи кои што ја содржат оваа магична состојка се особено препорачливи за дами кои се залагаат за регенерација на кожата и косата, како и за обновување на меката и цврста кожа.