Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

7 начини да уживаш во животот како Италијанците

Зошто вреди да се живее на италијански начин?Шоља кафе, семејство, пријатели, долги разговори – и се' е на свое место! Примени ја философијата на италијанскиот животен стил и ќе видиш како секој ден носи уште повеќе радосни моменти! Еве ги седумте навики кои вреди да ги прифатиш.

1. Луѓето се најважни!

Во Италија, никој не се изненадува ако види тинејџер како разговара со бабата, или ако целото пошироко семејство оди заедно на плажа. Семејствата се секогаш блиски. Пријателите и познаниците се многу важни. Нема потреба однапред да се планираат состаноците, бидејќи она што е важно е спонтаноста и, најмногу од сe', несекојдневна волја! Кога последен пат беше кај пријателка на кафе? Дали со срам признаваш дека последниот пат кога и' се јави на баба ти беше пред еден месец? Дефинитивно, биди повеќе како Италијанците!

2. Слави ги заедничките ручеци!

Ако зборуваме за семејството и пријателите, тогаш очигледната важна работа се заедничките оброци! Во сите италијански кантини и домови вечерите се гласни и енергични. Никој не се брза, нервозно пребарувајќи по мобилниот телефон, или трагајќи по начин како да избега од семејните средби колку е можно побрзо. Уште повеќе, на заедничките оброци не им претходат долги часови на готвење и подготовки во кујната! Се' може брзо да се приготви – заеднички!

3. Уживај во секој момент!

Италијанците скоро никогаш не брзаат, а дури и ако брзаат – тоа е така само за да можат да поминат повеќе време со пријателите или да му се посветат на нивното хоби. Тие точно знаат што е навистина важно во животот, a се' останато може да почека! Можеби надвор од италијанскиот контекст на широка нaсмевка и изговорот дека си пропуштил да го посетиш пријателот попатно не се најдобрите изговори за доцнењето на работа ... но ти секогаш можеш да додадеш дека воспоставуваш италијански стандарди, кои му ги препорачуваш и на твојот шеф. Ако твојот коментар е придружен со живи телесни гестикулации и движења на рацете, постои можност да се извлечеш со изговорот :)

4. Покажи емоции!

Италијанците не ги потиснуваат нивните емоции, тие се директни и едноставни, со што ги освојуваат луѓето и управуваат со секојдневните релации, дури и ако станува збор за бес! Користи гестикулации за да ги нагласиш малите радосни моменти и полесно да ги разрешиш проблемите. Емоциите се сигнали на страст – а кога ги имаш, се' станува поедноставно!

5. Грижи се за убавината!

Италијанците се особено чувствителни на убавина. Дури и ако водат скромен живот, тој е секогаш полн со естетика. Не се работи за опкружување со скапи предмети, или пак секогаш да изгледаш како милион долари. Постојат поедноставни и поефтини начини за лична грижа. Префрли нежен шал преку рамењата кој одговара на фустанот, избери елегантна чанта, нагласи ги усните со кармин. Пред излегување, напрскај на телото малку мирис за да те потсетува на италијанската радост за животот и и чувствувај се како да си во Милано за време на модната недела! Viva La Vita, Viva La Belleza! И најмногу од се', viva ти, бидејќи ти си најубавата!6. Цени го тоа она што е најблиску до тебе

Зошто италијанската храна е толку вкусна? Бидејќи секогаш е приготвена од локални состојки од најблиската кујна. Сите Италијанци се навистина горди поради тоа! Тие се вистински локални поатриоти – следи го нивниот пример! Посети го пазарот во близина и избери локални деликатеси. Замрзнатите и готови јадења од супермаркетот не се ниту здрави ниту добри! Ќе ги засакаш локалните деликатеси за многу кратко време и со сигурност ќе го развиеш вкусот за нив. Нема потреба да броиш калории, бидејќи балансираната исхрана ти дава се' што ти е потребно за да бидеш во добро здравје.

7. Не заборавај на кафе и дремка!

Започни го твојот ден со шоља мирисно кафе, но никогаш немој да пиеш капучино по вечерата. Никој не знае зошто, но така велат Италијанците. Посети ги локалните кафулиња! А околу пладне малку задреми! Пладневниот одмор е здрав и ти овозможува да уживаш во животот на италијански начин! Нема дури ни да споменуваме колку е зрава дремката за твојата, бидејќи тоа треба да е очигледно!