Avon против ракот на дојка.

Посветени на: Свесноста за здравјето на дојките.
На секоја жена. Секој ден.

Раната детекција на ракот на дојка спасува животи, а сепак, сеуште многу жени не се свесни за сопствените ризици, не знаат како да ги препознаат знаците и каде да побараат помош, доколку се сомневаат во нешто. Затоа AVON е посветен на здравјето на секоја жена. Со кампањата Допирај се розово, сакаме да допреме до свеста на секоја жена дека со редовен самопреглед може да си го спаси животот!

Придружи ни се заедно да им помогнеме на сите жени да ги спoзнаат ризиците, симптомите и начините за барање и пружање на помош. Допирај се розово ги содржи трите столбови на нашата кауза и посветеност во борбата против ракот на дојката:

• научи ги ризиците      • научи ги симптомите      • научи како да преземеш акција!

Ова е вистината која отрезнува: кај 1 од 8 жени може да биде дијагностициран рак на дојка во извесен стадиум од нивниот живот. Во Македонија, стапката на смртност од рак на дојка е сеуште повисока споредено со земјите од ЕУ. Благодарение на навременото откривање и правилниот третман, сé повеќе жени може сосема да се опорават и да докажат дека ракот на дојка може – како и останатите животни предизвици – да биде победен.

Придружи ни се во хуманата мисија и грижи се за себе и своето здравје!

Допирај се розово и рашири ја пораката дека секоја жена ја има нашата поддршка!

Симни едукативно мини-списание

Препознај ги знаците

Донација од AVON за БОРКА

Со лансирањето на кампањата „Допирај се розово”, AVON има чест да ја објави донацијата во вредност од 15.000 долари за поддршка на активностите на НВО "БОРКА" во доменот на борба против ракот на дојка. Средствата ќе бидат наменети за поддршка на мобилната СОС линија за пациентите кои боледуваат од рак и нивните семејства, како и за едукација на младата популација во Македонија за ризиците и начините за превенција и рана детекција на ова заболување.




Преземи Profile Photo/Avatar

Преземи Facebook Cover



AVON Македонија во партнерство со здружението „Борка – за секој нов ден“ ја поддржува бесплатната СОС линија за помош и поддршка на заболените од рак на дојка и нивните најблиски:



075 22 88 99

Линијата функционира 24/7




Со порачување на производи од линијата со розова панделка, донираш за поддршка на борбата против рак на дојка

Линк кон понуда