Avon прошетка низ светот против ракот на дојка Акцијата „Avon прошетка низ светот против ракот на дојка“ е започната во 2005 година, и со неа националните активности се пренесоа на глобално ниво. Преку оваа низа на настани организирани ширум светот, милиони луѓе беа мобилизирани за собирање на донации, подигање на свеста за ракот на дојка и зголемен пристап до нега, во борбата за целосно искоренување на болеста. До денес, речиси 1,8 милиони луѓе учествуваа во донирање на 6,4 милиони долари за борбата против рак на дојка од самиот почеток на оваа светска активност.
Настаните „Прошетка низ светот против ракот на дојка“ се поврзани со уште една активност наречена Глобална Панделка за Поврзување, која ја симболизира емотивната компонента која ги поврзува жените кои се излекувале од рак на дојка со останатите учесници ширум светот. Панделката е моќен знак на поврзаноста на жените една со друга и нивната заедничка одлучност секоја дијагноза да ја претворат во успешна приказна за излекување од оваа зла болест. Секоја Прошетка околу светот ја вклучува и церемонијата на Глобалната Панделка за Поврзување, каде што специјални панделки се предаваат од една жена која го победила ракот на дојка на друга, на тој начин обединувајќи ги сите жени преживелици во една голема светска заедница.
Потребата за постојано зголемување на свесноста на жените и собирање на средства за борбата против ракот на дојка е огромна. Напредок веќе постои, но ракот на дојка продолжува да биде најчесто дијагностицираниот рак кај жените ширум светот. Според Светската Здравствена Организација, годишно од рак на дојка умираат 502000 жени.
„Ракот на дојка не познава дискриминација на одредени нации или етникуми, меѓутоа разбирањето и поддршката на проблемот со болеста, во голема мера варира од земја до земја “ изјави Carol Kurzig- извршната директорка на Avon Фондацијата. „Со мобилизирање на луѓето од целиот свет помагаме во уривање на бариерите за поголема свесност и поголем пристап до нега, во нашите напори за целосно искоренување на оваа болест.“
Мисијата на Avon Фондацијата за Борба против рак на дојката
е собирање на средства и зголемување на свесноста за потребата од зголемен пристап до нега и изнаоѓање на лек за ракот на дојка, со поголем фокус на луѓето со неповолна социјална ситуација. Од неговото лансирање во 1992 година, па се до 2007, многуте активности иницирани во борбата против ракот на дојка, овозможија собирање и донирање на 525 милиони долари за оваа благородна цел ширум светот. Донирањето се врши во 5 области: зголемување на едукацијата и свесноста на жените за оваа болест, прегледи и и дијагностика, зголемен пристап до третмани за лекување, услуги за поддршка на пациентите и реконовалесцентите и научни истражувања. Avon поддржува програми за рак на дојка во повеќе од 50 земји низ светот.
Имајќи го во предвид фактот дека ракот на дојка е најчесто дијагностицираниот рак кај жените, целта на Avon Фондацијата за Борба против рак на дојката е да обезбеди поголеми придобивки за сите жени. Сепак, се става посебен акцент на жените со понеповолен социјален статус – жени со ниски примања, жени во поодминати години, малцински групи, како и жени без адекватно здравствено осигурување. Преобразување на историскиот тренд на нееднаков пристап во негата и третманите за ракот на дојка е приоритет на Avon Фондацијата за Борба против ракот на дојка. Што ја прави единствена Avon Фондацијата за Борба против рак на дојката?
Avon Фондацијата ги има имплементирано сите филантропски стратегии кои се засноваат на потребите на жените за соочување со секој аспект на болеста. Препознавањето на комплексноста на проблемот на рак на дојка меѓу сите групи на жени, Avon го прави да се разликува од останатите кои финансираат поединечни институции или научни истражувачи, по тоа што гради виртуелна мрежа од истражувачки, медицински, социјални, општествени организации кои секои на свој начин прават свој посебен придонес за помагање на пациентите и унапредување на истражувањата поврзани за болеста. Покрај тоа, Avon Фондацијата работи на зголемување на соработката помеѓу најразличните организации, институции и истражувачки центри и ги поврзува лекарите од медицинските установи кои се занимаваат со оваа проблематика со јавните болници.
|