КАРОЛИНА ГОЧЕВА –

Одржано ветување за убавина!

Лансирањето на новата маскара Wide Awake е во период кога AVON ја прославува својата 130-годишнина од постоењето на пазарот, како компанија во чиј фокус секогаш била и ќе биде жената и нејзината благосостојба и улога во општеството. Токму поради таа причина, насловната страница на брошура 13 на AVON Македонија во месец септември е повторно резервирана за Каролина Гочева. Таа, со својата харизма, талент, убавина и долгогодишна успешна кариера е прототип на бестрашната, прекрасна и горда македонска жена која претставува вечна инспирација за AVON.

Кога не сум на настапи, користам минимална шминка, а маскарата е неизбежен дел од мојот секојдневен ритуал пред огледало. Токму поради фантастичниот квалитет, трајност и одличните резултати на оваа маскара, јас сум дополнително сигурна дека моите очи ќе изгледаат беспрекорно одморени и крупни, трепките извиткани и полни со волумен, а погледот впечатлив и смирен - вели Каролина Гочева.


Новата маскара Wide Awake
Eфект на поголеми очи!

Новата маскара Wide Awake, која е создадена како резултат на долгогодишните истражувања и иновации на полето на козметиката на AVON, а сѐ со цел да се одржи ветувањето за убавината. Маскарата Wide Awake дава моментален ефект на поголеми и повпечатливи очи, а создадена е со помош на иновативната AVON TRUE Lift & Lock технологија, која содржи формула 2 во 1: ги витка трепките и додава до 4 пати повеќе волумен.

Четката е во форма на песочен часовник и ги поткрева трепките, со што очите изгледаат поголеми и покрупни. Она што ќе ги задоволи динамичните и енергични жени кои се постојано во движење и немаат многу време за корекција на шминката е фактот што оваа маскара нуди долготраен ефект, благодарение на уникатниот комплекс со кој извитканиот ефект на трепките трае цел ден.





Сподели ја оваа статија

Постави прашање или сподели мислење: