Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

Венчавка во боја на кожа

Ако планираш да имаш елегантна свадбена церемонија за паметење, сакаш природен стил и земјени бои, стилот во боја на кожа е токму а тебе. А и ќе биде навистина исклучителен!

1. Направи ја кожата совршена

Шминката во боја на кожа асоцира на природен изглед, што подразбира минимална шминка со максимален ефект. Негувај ја кожата добро.обиди се да пиеш повеќе вода и да јадеш лесни оброци. Избери козметика која ќе ти ја заврши работата, како на пример крем за прикривање на несовршеностите, порите и мазен изглед, со што кожата ќе биде подготвена за шминка.

2. Направи да сјае

Додади на кожата блескав сјај за да го истакнеш нејзиниот здрав изглед. Маслата се најдобри за тоа! Природните екстракти во козметиката можат да направат чуда! Пробај го новиот еликсир за да го обновиш сјајот на кожата!

3. Прикриј ги несовршеностите

Кај шминката во боја на кожа сите несовршености треба да бидат прикриени и сите добри карактеристики треба да се истакнат. Нападни ја секоја несовршеност со коректори во боја: жолт за темни подочици, виолетов за ситни несовршености и зелен за црвенило.

4. Матирај ја кожата

Мат пудрата ќе направи кожата да изгледа беспрекорно. Одозгора нанеси матирачки прав за да ја фиксира шминката и земи го со себе за брзи корекции. Запомни да ја одржиш кожата мат – фотографиите обожуваат мат!

5. Очи во боја на кожа

Шминката во боја на кожа е нежна и многу привлечна. Користи туш за очи и маскара да ја нагласиш линијата над трепките и нив самите. На овој специјален ден исто така, додади сенка за очи во крем, светло розови и бронзени тонови. Следи ги бројките подолу за совршени задимени очи (нанеси прво основа за да ја фиксираш бојата).

6. Дефинирај ги веѓите

Кога ги шминкаш очите, не заборавај ги веѓите! Дефинираните веѓи ги дополнуваат изразите на лицето и го нагласуваат младешкиот изглед, давајќи и' на шминката во боја на кожа дополнителен карактер.

7. Нагласи ги контурите

Светло розово руменило на јаболчниците или бронзер (пробај бронзени бисери) ќе ти помогнат да добиеш природен исончан изглед. Нанеси бронзер на областите на лицето кои се најизложени на сонце.

8. Усогласи го маникирот

Подготви ги твоите нокти во боја на кожа, исто така. На овој специјален ден, нека засветат со светки.

9. Финални потези

Карминот може да биде во крем или светло розова боја. Избегнувај живи црвени и портокалови нијанси. Избери формула богата со пигменти за да траат. Кога шминката е готова, нанеси спреј за нејзино фиксирање.

10. Прославувај!

Природниот излед ќе направи да се чувствуваш самоуверено и убаво. Забавувај се и уживај целосно во моментот. Заокружи го впечатокот со мирис кој најдобро ќе одговара на овој настан за паметење, а твојот изглед ќе биде весел како и овој ден.