Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

Подготви се за сончање

Дали сакаш да ‘уловиш’ малку сонце во лето? Имај ги на ум овие правила за безбедно сончање.

Пред сончање

1. За да ја подготвиш кожата за сончање нанеси крем за заштита од сонце околу 15-20 минути пред изложување на сонце за да можат состојките целосно да се впијат во кожата и да формираат заштитен филтер.

2. Ако е прв ден од твојот одмор или имаш светол тен користи крем со поголем филтер.

3. Ако не сакаш да се појавиш на плажа без шминка осигурај се дека твојата пудра или ББ крем и балсам за усни имаат заштитен фактор и твојата маскара е водоотпорна.

4. Исто така, заштити ја и косата. Соодветен спреј за коса ќе ја заштити косата од УВ зраците, сувоста, опуштеноста и солената вода.

За време на сончање

1. Не се воздржувај повторно да нанесеш крем за сончање, особено по пливање или играње во вода. Прави го тоа најмалку секои 2 часа додека си на плажа.

2. Стави шапка и очила за сонце. Не постои друг начин да ги заштитиш очите од УВ зраците и уште повеќе, очилата за сонце го намалуваат жмиркањето што резултира во помалку ситни брчки околу очите.

3. Стави наметка, која ќе ја зашитити потемнетата, чувствителна кожа и уживај во прошетка долж плажата без да чувствуваш жештина.

4. Ако не сакаш ветрот да ти ја заплеткува косата, прицврсти ја или користи специјална четка како на пример четката за отплеткување на косата за брзо да го вратиш уредниот изглед додека си на плажа. По сончање

1. За брзо смирување користи разладувачки формули за после сончање. Тие се базирани на смирувачката алое и хранливи путери кои ја лекуваат кожата побрзо и создаваат прекрасен тен.

2. Хидрирај ја кожата на лицето со нанесување на регенеративни маски за лице или маслен еликсир кој ќе ти помогне во обновата на природниот сјај. Распуканата кожа не е она што твоите пријатели би сакале да го видат откако ќе се вратиш дома.

3. Дополнително погрижи се за косата. Стави интензивна маска за коса со длабоко хидрирачки состојки или третирај ја со масла кои се богати со хранливи состојки.

4. Подобри го тенот со масло од сончогледово семе и кокос. Исто така, користи лосиони за после сончање за да го задржиш тенот што подолго. Формулите со светки ќе ја нагласат златестата нијанса.