Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

Што да спакуваш за патување?

Пакувањето е една од најстресните работи во врска со патувањата. Дали си тип кој секогаш пакува премногу или секогаш му недостига нешто што е неопходно? Ќе ти кажеме како да се спакуваш за планина, шума, плажа и разглед на град, така што ќе имаш сѐ што ти е потребно!

Важни правила за пакување

• Без оглед на тоа каде ќе одиш, запомни дека помалку е повеќе. Во секој случај, често можеш да купиш она што ти треба и на самото место.• Земи со себе неколку универзални работи што одат на сѐ, брзо се сушат и нема потреба да се пеглаат.• Провери ја долгорочната временска прогноза за местото кое планираш да го посетиш. Погледни ги онлајн форумите ако не им веруваш на временските прогнози.• Спакувај ја омилената козметика во мали авионски пакувања, или земи си мал сет за патување за да заштедиш простор.• Спакувај крем за заштита од сонце со висок фактор, на пример производ од линијата SUN +. УВ заштитата е обврзна!• Остави простор за лекови. Комплетот за прва помош е незаменлив за подолги патувања.

Планинарење

Ако се упатуваш по планинарските патеки, земи со себе добар пар чевли за планинарење. Тие треба да обезбедат добра поддршка на зглобовите за поголема безбедност. Осигурај се дека си спакувала удобни панталони или шорцеви кои ќе ги носиш во текот на планинарењето. Земи неколку парчиња маици, топли блузи и мантил за дожд. Земи спортска долна облека и удобни чорапи, бидејќи ваквите патувања можат да ги оптоварат твоите стапала. Не ги заборавај очилата и заштитата од инсекти. 

Во твојот несесер:

Земи практичен ББ крем кој ќе ја нијансира кожата, има соодетен заштитен фактор за сонце и обезбедува голема хидратација. Исто така, спакувај лосион за сончање и серум за коса кој ќе ти помогне да ја отплеткаш косата во услови на ветер. Додади спреј за навлажнување кој ќе те освежи додека планинариш.

Шумски авантури

За љубителите на прошетки во шума, потребни се добри чевли за планинарење и долги панталони. Ќе ти треба и просторен ранец за да ти бидат рацете слободни, шише со вода, непропуслива јакна, капа за глава и мобилен телефон со ГПС. Земи мобилен полнач со светилка, во случај ако се испразни батеријата на телефонот. Не заборави и џебен нож или повеќенаменски алат кој е корисен, на пример, при берење на печурки.

Во твојот несесер:

Навечер, погрижи се за уморните нозе. Земи со себе спреј за освежување со лаванда, кој ќе ги ревитализира стапалата по долгите пешачења. Исто така, хидратантниот крем за лице со заштитен фактор и хидрирачкиот крем за раце, се обрзни за оваа дестинација.

Одмор покрај вода

Костим за капење, кимоно или саронг се незаменливи парчиња за ваквите патувања. Додади и пар шорцеви, неколку маици, топла блуза или џемпер, апостолки, сандали и дефинитивно, шапка. Остави простор за пешкир за плажа, практична термална торба и секако, очила со УВ заштита.

Во твојот несесер:

Твојот несесер треба да содржи водоотпорна маскара. Обезбеди се дека исто така, имаш соодветен отстранувач на водоотпорната козметика, на пример двослојниот отстранувач на шминка. Ќе ти треба и лосион кој ја хидрира и смирува кожата по сончањето и помага да се задржи бојата што подолго (тоа ќе го пронајдеш во линијата Avon After Sun). Секако, кремот за заштита од сонце е очигледно обврзен!

Разглед на град

Посетата на некој град значи долго пешачење. Посетуваш музеи, галерии и шармантни паркови и алеи. Понеси рамни чевли, сандали или балетанки. Земи секојдневна чанта која слободно можеш да ја префрлиш преку рамото или мал ранец.

Во твојот несесер:

Имај со себе освежувачки спреј за лице. Спакувај и лесна пудра со заштитен фактор, за природен мат изглед – совршен за фотографирање! Комплетирај го тоа со мат кармин. Сочувај простор со пакување на повеќенаменскиот бронзер во стик за очи, образи и усни. Не заборавај на парфемите! Ролетите или малите пакувања на твојот омилен мирис се најдобар избор за прошетки во град.