Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Донеси го летото во канцеларија

Не можеш да го дочекаш одморот? Направи неколку прилагодувања во твојата дневна рутина за да го почувстуваш летото во канцеларија. Провери ги нашите совети!

Биди свежа и разладена

Топлото време е заморно и нѐ прави мрзеливи. Дај му енергија на твоето тело наутро, со лесен туш со цитрусни ноти. Тропските мириси ќе ги оживеат твоите сетила, а формулите со витамини ќе ја нахранат кожата.

Користи спрејови за заштита

Избери деодоранти со неутрални ноти. Загреаната кожа ги интензивира парфемите, така што биди внимателно со мешањето на мирисите. Исто така, користи специјален спреј за стапала за да избегнеш прегревање и да се чувствуваш чесно и удобно во текот на целиот ден.

Избери мириси со лесни ноти

Остави ги настрана тешките мириси. Избери тоалетна вода која дава енергија, со цветни или овошни ноти. Спакувај во ранецот освежувачки спреј со ноти на кокос за брзо освежување. Исто така, можеш да нанесеш спреј и во околината каде што работиш за повеќе да го почувствуваш летото внатре. Секако, ако твоите колеги се согласуваат со тоа.

Додади сјај на кожата

Дури и ако немаш многу време за сончање, можеш да направиш кожата да изгледа исончано. Лесните маслени спрејови со светки ќе ја хидрираат твојата кожа и ќе направат таа природно да сјае.

Ограничи ја шминката

Ограничи ја твојата козметика за во канцеларија со ББ крем, мат прав, моливи за очи во боја, сочен кармин и маскара. Создади шминка која ќе дозволи кожата да дише и да покаже малку повеќе боја!

Ослободи ја косата

Мазно опавче со убаво исчешлана коса е конвенционална фризура, ја држи косата настрана од лицето и изгледа елегантно. Сепак, нема ништо по тренди од брановидната коса на плажа во лето. Затоа, ако навистина го сакаш летото во канцеларија, пробај го овој стил!

Заокружи го својот изглед

Носи лесна, лелеава облека која ќе направи да се чувствуваш удобно на работа. Не се плаши од разнобојните модни додатоци! Tие се вистински магнет за погледи во лето.