Македонија
    |         |         |    
BSP_skin_treasures

Тајната на правилното нанесување мириси во слоеви

Дури и најпознатите парфеми накратко може да се опишат во три едноставни слоеви. Како и да е, менувањето на овие слоеви може да го промени мирисот на сосема ново ниво. Научи како да ги откриеш новите аспекти на твојата омилена композиција и како да го направиш мирисот подолготраен.

Слој по слој

Уметноста во создавањето мириси доаѓа од мешање 3 слоја, а тоа се врвните, средните и основните. Врвните ноти се најчувствителните, но тие и го прават првиот впечаток. Средните ноти се срцевината на парфемот и многу често ја класифицираат категоријата од која потекнува. Основните ноти се оние кои најдолготрајни. Тие функционираат како фиксатори на понежните ноти и најчесто заведуваат со топлина, шумски и животински аспекти.

 

Како да ги помешаш мирисите?

Еден од најлесните начини да започнеш со мешање на слоеви на мирис е да користиш композиции со една или две ноти, како на пример парфимираните масла, колку да го вежбаш носот и да го научиш како одредени ноти реагираат кога ќе се помешаат. Експериментирањето со парфемите кои веќе ги имаш е исто така добра идеја, но одбери ги оние кои кои имаат исти ноти или потекнуваат од исто семејство. На овој начин твоите парфеми ќе се помешаат поприродно и ќе добијат некои нови нијанси. Новите мириси Scent Essence од AVON ти дозволуваат да го правиш токму тоа.

Помешај за да одговара

Новите мириси Scent Essence се живи и динамични кога ги носиш сами, но се дизајнирани да бидат раскошно помешани за поперсонализиран пристап. Со мешањето на овие мириси можеш да создадеш уникатен мирис со нови истакнати ноти кои ќе одговараат на твоето расположение и карактер. Провери ги нашите подготвени мешавини и инспирирај се да создадеш своја! За да создадеш слоеви, нанеси прво еден мирис па друг на кожата.

 

Совет за нанесување!

Нанеси го парфемот на одредени делови од телото, како вратот, внатрешниот дел од зглобовите или позади ушите, со цел да го продолжиш неговото траење. Ова се некои од пулсните точки кои емитираат топлина, правејќи го мирисот да се провлекува низ воздухот целиот ден. Исто нанеси и на косата, ќе се изненадиш колку долго ќе се задржи и колку интензивен ќе биде.

ЧИСТА РАДОСТ

Сочна малина и Див бергамот

Оваа брилијантна мешавина ќе ја зароби есенцијата на среќата. Освежувачки наплив од малина ги обзема сетилата, додека мирисот на светол бергамот овозможува бескрајна возбуда. Заедно, тие со сигурност ќе ги освојат сетилата и ќе ти донесат радост.

ОБЗЕМЕНА ОД ЉУБОВ

Расцутен лотус и Сочна малина

Чистата, едноставна елеганција се сретнува со безгрижната убавина во оваа мешавина од сочни цвеќиња и деликатни растенија. Привлечниот мирис на возбудливата малина те прави зависна, додека пак освежувачкиот мошус овозможува мека прегратка на бескрајната љубов.

ЖИВА И ВИТАЛНА

Див бергамот и Расцутен лотус и Сочна малина

Возбудлив и стимулирачки поттик на енергија; оваа храбра комбинација со сигурност ќе ги разбуди твоите сетила. Живоста на бергамот овозможува стимулирачка енергија, сочната малина те освежува, додека пак росниот лотосов цвет остава опојна трага. Моќна комбинација која овозможува ултимативна виталност

ФЛЕРТУВАЧКА И РАЗИГРАНА

Светол бергамот и Расцутен лотосов цвет

Откриј ја твојата разиграна страна! Како намигнувањето и насмевките, оваа овошна комбинација ќе го забрза биењето на срцето. Стимулирачкиот блескав бергамот ги возбудува сетилата, додека нежниот лотус го заведува срцето.