Македонија
    |         |         |    
BSP_Inspirations_photo_shoot

Неонска шминка: Најжежок тренд ова лето!

Последниот тренд за шминкање е околу интензивните бои, односно неонските. Тие ја прават твојата шминка пожива и забележителна, прекрасно нагласувајќи го храбриот летен изглед. Тие исто така се и забавни! Следи го нашиот краток туторијал за неонска шминка и обиди се да ја направиш сама.

За да создадеш базичен летен изглед, следи ги овие чекори: 

1. Исконтурирај го окото со тенка линија во неонска сина боја (во видеото: Aqua Shock моливче за очи) по линијата на горните трепки завршувајќи во средината. 

2. Земи потемна нијанса на сино (во видеото: Cobalt Cool моливче за очи) и заврши ја линијата почнувајќи од средината на очниот капак. 

3. Дефинирај ги очите со продолжени трепки (во видеото: Маскара SuperShock Black). 

4. Натапкај ја четката за руменило во бисери за лице и додади сончев сјај на образите (пробај ги Бронзените бисери за лице од AVON Glow - Pink Bronze). 

5. За да ја комплетираш шминката, на усните нанеси сјај за усни. Нанеси го на средината на долната усна (пробај го Ултрасветкавиот сјај за апсолутна боја со ЗФ 15), а потоа затвори ја устата и рамномерно нанеси и на горната усна

За да го потенцираш неонскиот ефект, можеш да експериментираш уште повеќе:

6. Додади неонски ефект на трепките со маскара во боја (во видеото: Маскара Shock SuperShock - Emerald). Нанеси и на горните и на долните трепки.

За да ја направиш шминката на очите уште понеонска, обиди се со ова:

7. Нацртај линија во внатрешниот дел на окото, по должина на долните трепки (во видеото: Turquoise Burst). 

Неонската шминка сега е готова! Играј си со боите и пронајди ја твојата неонска комбинација за ова лето.