Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

S.O.S. за кожа и коса по летото

Твојата кожа и коса се суви по летото? Научи како да ги обновиш!

Се враќаш од одмор добро одморена– пливаше во море, танцуваше на плажа, пешачеше по планините. Но, ти направи и неколку гревови во поглед на убавината, како на пример сончање без соодветна заштита, или изложување на косата на пресилните сончеви зраци. Твојата кожа и коса бараат помош? Помогни им!

А ти што направи? Дали тенот ти е во кафено-махагони боја после претераното сончање? Дали заборави да носиш шапка или марама? Па, штетата е направена, но ти можеш да се справиш со тоа!

Погрижи се за своето тело и коса

  Ако си го изложила лицето на преинтензивни сончеви зраци:

- Ако сеуште има знаци од изгореници и кожата е црвена и иритирана, избегнувај козметика со алкохол и пилинзи.

- Миј го лицето со нежни производи. Дај ѝ на кожата неколку дена за да се регенерира и освежи од претераното сончање. Избегнувај шминка и користи нежни кремови, пожелно со големи дози на витамин E.

Грижа за лицето по летниот одмор:

- Штом ќе се вратиш од летниот одмор, инвестирај во добар крем за лице, соодветен за твојата кожа и возраст. Пробај ја линијата Anew; таму ќе пронајдеш некои добри решенија.

- Твојата кожа постепено ќе ја обнови својата еластичност и бојата ќе се изедначи. Сепак, ако имаш многу дисколорации, користи производ кој ќе го запре создавањето на меланин во кутикулите.

Нега на тело:

- Твоето тело, исто така, има потреба од посебен третман по летото. Користи пилинг, нанеси хранлив крем и маска за лице, на пример маска за лице со бел чал или лаванда и јасмин од линијата Planet Spa.

- Ако твојата кожа е екстремно дехидрирана, повтори ги овие мерки најмалку еднаш неделно.

- Грижи се за својата кожа секој ден. Користи нежни хидратантни производи за туширање и не го троши целото попладне под туш! Водата, особено топлата, не е сојузник на уморната кожа!

- Погрижи се за рацете и стапалата! Ако носеше сандали во текот на летото, стапалата може да ти се многу суви дури и испукани! Ова не е само естетски дефект, туку исто така и здравствен проблем!

Додека го негуваш телото обрни внимание на сите белези и бенки по кожата. Ако имаш многу, посети дерматолог по летото. Секако, не секоја бенка е опасна. Оние кои треба да те алармираат се менуваат со тек на време, имаат нерамни краеви и се црвени или црни.

Грижа за косата по летото

Сончевите зраци не само што го осветлуваат пигментот, туку исто така и ја дехидрираат косата. Ако ја боиш косата, недостатокот од соодветен третман, исправувањето и употребата на агресивни производи за обликување или хлорирана вода во базенот – крајниот резултат може да биде навистина разочарувачки. Оштетената коса не само што изгледа лошо, туку исто така е тешка за справување и скротување.

Што можеш да направиш за да го подобриш изгледот на косата?

- Исто како и кај кожата: хидратацијата е пресудна!

- Нанеси маска за коса по секое миење, на пример маска со мароканско арганово масло

- За да го максимизираш ефектот на маската, носи ја во текот на вечерта, обвиткај ја косата со пластична фолија и крпа. Исплакни ја пред да си легнеш да спиеш.

- Користи третман кој не се плакне, кој ја ревитализира косата исушена од сонце, или серум за обновување на косата со кератин

- Ако твојата коса е оштетена и со расцветани врвови, потстрижи ја најмалку 3 или 4 сантиметри; на тој начин косата постепено ќе го врати својот сјај и живост!