Македонија
    |         |         |    
BSP_fact_myth

Состојки кои можат да го вратат времето

Стареењето е природен процес, но секако не мора секој и да ја знае вашата вистинска возраст. За среќа, постојат состојки кои можат да го вратат времето и да ти дозволат да ужуваш во младешкиот изглед подолго време. Нив ќе ги пронајдеш во кремите за лице

Витамин E

Еден од најпознатите антиоксиданти кои можеш да ги пронајдеш во спанаќот, бадемите, авокадото, маслинките... и се разбира - во кремите за лице.  Човечкото тело не може само да создава витамин Е и токму затоа е многу важно тој да биде застапен во исхраната, но и на тоалетната полица во купатилото. Соеднението кое ги растворува мастите помага во неутрализирање на оксидантниот ефект од слободните радикали, при што се оштетува колагенот и се предизвикува сушење на кожата, што пак води до прерано стареење. Витаминот Е се бори за заштитување на клетките на кожата и ја одржува здрава, еластична и со младешки изглед.

Ретинол

Популарен дериват од витаминот А кој помага во намалување на постоечките тенки линии и брчки преку тоа што го забрзува процесот на создавање нови клетки, ги ослободува изумрените клетки и го потткнува создавањето на колагенот и еластинот во подлабките слоеви на кожата. Понекогаш се нарекува и состојка која „комуницира со клетките“ бидејќи ги поттикнува „мрзеливите“ и дисфункционани клетки да почнат повторно нормално да работат. Витаминот A исто така е и антиоксидат кој ја одржува кожата полна и здрава. Дополнително, ги отвора порите, ги неутрализира штетите од сончевите зраци и се бори против акните. Не е ни чудо што ретинолот е честа состојка во кремите против стареење

Омега 3 и 6 масни киселини

Омега 3 и 6 масните киселини се нарекуваат есенцијални масти без кои телото не може да функционира нормално. Тие не само што имаат придобивки за кожата, туку исто така и за мозокот, за циркулаторниот и за имуниот систем. Омега 3 и 6 масните киселини не можат самостојно да се создаваат во телото, така што мораат да бидат внесени. Тие не само што ја регулираат функцијата на клетките, туку и го поддржуваат преносот на непотребните материи и водата во клетките. Со стареењето на кожата, стареат и клетките и ја губат својата способност да ја задржуваат водата. Амино киселините како Омега 3 и 6 помагаат клетките да се одржат здрави и нивната мембрана да функционира правилно, благодарение на што клетките не ја губат водата и ја задржуваат својата полна форма која придонесува за мазна и нежна кожа на површината. Познат извор на Омега масните киселини е рибата, но тие исто така се доста застапени и во лененото семе, во оревите и се разбира – во кремите за лице.

Витамин Ц

Вода – растворлив витамин, исто така познат и како аскорбинска киселина кој често се користи и како лек против настинки, а игра голема улога и во заштита на кожата. Витаминот Ц е неопходен за раст и развој на сите ткива. Помага во формирање на протеинот кој е одговорен за обновување на кожата, како и при лечење на раните. Исто како и останатите витамини или амино киселини, и овој витамин треба да се внесува во организмот преку исхраната бидејќи човековото тело не може да го создава само. Дополнително, витаминот Ц ја заштитува кожата и од сончевите зраци. Благодарение на своите антиоксидантни состојки, витаминот Ц помага во борбата против слободните радикали во клетките на кожата, одржувајќи ги здрави и грижејќи се за нејзиниот младешкиот изглед.

Билки

Природата е извор на мудрост, инспирација, но и решенија кога се работи за негата на кожа. Многу билки како што се алое вера, лаванда, камилица и екстракти од разни семиња, сè почесто се додаваат во кремите за лице, токму поради уникатните придобивки кои ги имаат за кожата. На пример, билката наречена Тилиакора е онаа која многу помага во одржување на младешкиот изглед. Ова растение со егзотично име потекнува од Јужна Азија. Благодарение на своите антиоксидантни, антиинфламаторни и антибактериски својства, претставува состојка која на големо се користи во билната медицина. Покрај ова, Тилиакората исто така е и многу хранлива. Богата е со влакна, калциум, железо и витамини А и Ц. Ја обезбедува кожата со хранливи материи и го забавува процесот на стареењето.

Керамиди

Генерално кажано, керамидите се липиди кои се наоѓаат во мембраната на сврзните клетки. Присутни во повеќе слоеви на кожата, керамидите формираат бариера која ги спречува инфекциите, помагајќи да се задржи оптималното ниво на влажност на кожата, а со тоа да се спречи и нејзино сушење. Нивото на керамидите се намалува со возраста. Прекумерното сончање исто така може да доведе до дефицит на керамиди, што резултира со сува кожа која е подложна на брчки. Поради ова, добро е да се помогне да се пополнат керамидите во организмот, со цел да ја одржуваат кожата добро хидрирана и нежна.