Македонија
    |         |         |    
BSP-Article3-C10-2018-MK

Романса за време на одмор: да или не? Како да флертуваш без да зажалиш?

Кога сме на одмор, многумина од нас се надеваат дека ќе наидат на флерт, авантура без обврски или пак, напротив, ќе ја пронајдат љубовта на нивниот живот. Дали романсата на одмор е добра идеја?

Одморот е период во годината кога конечно можеме да се опуштиме и не мора да бидеме толку сериозни;  сретнуваме нови луѓе и можеме да си дозволиме да бидеме безгрижни. Флертот може да ја подобри нашата самодоверба и благосостојба и може да се претвори во прекрасен спомен за време на одморот. Како да флертуваш и да заведеш на одмор? Дали романсата за време на одмор е можна само како авантура со непознат, или е можна и во посветените врски?

Holiday romace

Флертувањето е здраво!

Флертот прави да се чуствуваме добро. Тој ја подобрува нашата благосостојба и може да биде противотров за прекумерната работа, стрес или ... комплекси. Гледајќи ја искрата во нечии очи, слушајќи убав комплимент, жешкото танцување со некого, или разговорите цела ноќ – без сето ова не можеш!

За време на одморите, имаме тенденција да флертуваме повеќе, и иако истражувањата покажуваат дека повеќето од романсите за време на одмор не преживуваат до крајот на летото, сепак вреди да се проба. Сè додека сме претпазливи и внимателни, нема ништо лошо во тоа да се впуштиме во летна авантура за време на одморот.

Како да заведуваш на одмор, сега кога веќе знаеш дека вреди?

Она што навистина го привлекува спротивниот пол не е совршената фигура или идеалната шминка, туку насмевката, внатрешната убавина и шармот. Сите нив вреди да ги истакнеш со неверојатен мирис или огнен црвен кармин. Запомни, најубавите жени не се беспрекорни, но знаат како да ги истакнат нивните предности.

Наш совет:

Ако бараш летен парфем за да го подобриш твоето расположение и да ја разбудиш сензуалноста, одбери го Today Tomorrow Always во зелена летна верзија. Мирисот е лесен, но многу сензуален!

Флертување во посветена врска? Да!

Веќе сте заедно подолго време и мислите дека времето на романтика и флертување е завршено. Вашата врска е многу помирна сега, а заедничкиот одмор некако не звучи толку возбудливо ... Време е да ја поттикнеме таа возбуда!

Сексуалните терапевти и психолози се согласуваат: оние парови кои ја прославуваат нивната врска и кои и покрај долготрајноста на истата сè уште се обидуваат да се изненадат еден со друг, да одат на состаноци и да не дозволат рамнодушноста да ги обземе, имаат поголеми шанси да го одржат пламенот во нивната врска или брак. Нормално, времето ги менува врските, бидејќи сè подобро го знаеме партнерот и сè потешко е да го воодушевиме. Сепак, ако се обидеме малку повеќе, повторно можеме да го доживееме она чувство кое го паметиме од почетоците на нашата врска.

Дали се сеќаваш на првиот или вториот состанок? Колку внимателно ја избираше твојата облека, моментот кога се прскаше со парфеми, или моментот кога го ставаше твојот совршен кармин?

Во посветените врски често се откажуваме од ваквите гестови, а тоа е грешка.

Изненади го твојот партнер со оригинален мирис, длабоко деколте или ѓердан што го отсликува твоето вечерно расположение. Потсети се колку е убаво да заведуваш и да флертуваш.

Којзнае, можеби ќе се вратиш од одмор повеќе заљубена отколку што си била претходно?