Македонија
    |         |         |    
BSP_butterfly_makeup

Есенски трендови за шминкање

Есента е одлично време за експериментирање. Топлите есенски лисја и сочните и зрели овошки како модрите сливи, црното грозје, црвените јаболка и портокаловите тикви можат да бидат одлична инспирација за шминка. Провери што е модерно!

 

Блескава кожа

Промената на сезоната носи промени не само во твојата гардероба, туку и во твојот несесер. Раната есенска шминка треба да биде во потопол тон, но сè уште да го покажува летниот сјај. Доколку успеа сè уште да го задржиш исончаниот тен од одморот, користи ББ или корективни креми кои ќе го израмнат твојот тен, а истовремено и ќе ја негуваат кожата пред да дојдат сивите и студени денови. Со помалку сонце, твојата кожа можно е да добива тмурен тен, па затоа можеш да користиш маски за лице кои ќе ја осветлат кожата, како на пример со екстракти од бисери. А, кога тенот почнува да избледува, додади природен летен сјај на лицето, потенцирајќи ги образите, брадата и челото со бронзер.

 

Храбри очи

На есен можеш да ги потенцираш очите похрабро отколку на лето. Одбери маскара која драматично ќе ги дефинира трепките: ќе ги извитка, ќе ги издолжи и ќе ги задебели. Кога нанесуваш маскара четкај ги трепките нагоре бидејќи на тој начин ќе направиш очите да изгледаат оптички поголеми. Доколку пак не сакаш трепките да ти изгледаат премногу тешки, одбери маскара во кафена или темно сина боја. Тие не само што се есенски  бои, туку и ќе ја потенцираат природната боја на окото. За да ги истакнеш очите уште повеќе, наједноставно решение е да нанесеш моливче за очи. Тоа ќе ти дозволи и лесно да го моделираш обликот на окото.

 

Есенски нијанси

 

Есенската шминка за очи нема да биде комплетна без сенки за очи во боите на сезоната. Најмодерни нијанси се: модро виолетова, темно розова, боја на тутун, смарагдно зелена, кобалтно сина, медено кафена и боја на старо злато. Особено златната боја е многу универзална која лесно може да се носи и на работа. Со цел сенките да траат подолго и да се задржат подобро, користи основа за сенка за очи. Металик нијансите исто така одговараат за оваа сезона бидејќи совршено ги комбинираат студените и топлите нијанси. За добро дефинирана шминка за очи, не заборавај на веѓите. Корегирај ги со восок и дефинирај ги со моливче за веѓи. Кафената нијанса одговара на посветлите тенови, додека пак црната е совршена за потемните.

 

Сочни усни

Во есенските денови усните треба да бидат полни со боја за да ја балансираат јаката шминка на очите. За да направиш усните да изгледаат пополни, најпрво исцртај ги контурите со моливче за очи, а потоа нанеси кармин. Најжешки бои за кармин на оваа сезона се: цигла боја, боја на вино, цреша, темно розова и модро виолетова. Овие бои ќе направат усните да бидат и впечатливи и елегантни. Доколку не се чувствуваш удобно да носиш интензивни бои, одбери нијансиран балсам за усни во овошни и понежни нијанси, како праска, јагода или малина. Нијансираниот балсам исто така и ќе ги заштити усните од постудените денови.

 

Комплетирај го есенскиот изглед

Кога веќе ја нанесе шминката, комплетирај го изгледот со модни додатоци во есенски бои, како чанта во боја на слива, часовник во златно-розова боја, накит во златна нијанса или пак шарени марами. Исто така, пред да дојде време да ги ставиш топлите ракавици, налакирај ги ноктите во твојата омилена есенска боја и играј си со шарите на сезоната.

Трибројно руменило за лице

Пенкало-кармин за усни

Маскара Infinitize

Туш за очи за мега ефект

Дијамантско моливче

Течна сенка за очи SuperShock

Четирибојни сенки за очи Gilded Metallics

Подлога за сенка за очи

Долготраен кармин Extra Lasting

Чанта Lumious Veil

Рачен часовник Erela

Комплет ѓердан и обетки Alena

Лак за нокти со гел ефект