Македонија
    |         |         |    
BSP_fact_myth

Моќта на семињата – револуционерно откритие во козметиката

Дали некогаш си се прашала колку моќ има во едно мало семе? Сега можеш да ја откриеш таа моќ за твојата кожа во новата линија за нега на кожа Nutra Effects. Дознај го револуционерното откритие во козметиката.                    

Nutra Effects е нов AVON бренд за нега на кожа базиран на Active seed комплекс, комбинација на екстракти од семиња со есенцијални антиоксиданти и витамини. Секоја линија се однесува на различни потреби на кожата и моќта на семето ја трансформира во прекрасен и здрав изглед. Формулата без парабени и вештачки бои ги прави Nutra Effects соодветни за чувствителна кожа и природен избор за твојата секојдневна нега. Откриј која линија најдобро одговара за твојата кожа:

ХИДРИРАЧКА ЛИНИЈА

Хидрирачката линија на Nutra Effects е врз база на Active Seeds комплекс со чиа семе. Чиа семето е моќна состојка, богат извор на омега 3 и 6 масни киселини, витамини и антиоксиданти.  Ова семе може да апсорбира 12 пати повеќе вода од сопствената тежина, па затоа и кожата е хидрирана долго време. Формулата ја зајакнува кожата при заштита од еколошките фактори, како ветер, ладен и сув воздух и овозможува интензивна хидратација и потхранување 24 часа, со што кожата изгледа повторно здраво. Одговара за сите типови кожа и возраст. Се препорачува за кожа подложна на сушење.

БАЛАНСИРАЧКА ЛИНИЈА

Улогата на балансирачката линија е одржување на совршен баланс на кожата преку нормализирање на продукцијата на масти и нивото на хидратација, со што ја потхранува кожата и ги матира деловите подложни на мастење. Матирачките состојки го апсорбираат вишокот на себум, а Active Seeds комплексот со чиа семе ѝ даваат на кожата оптимална влажност. Кожата е мека, мазна и матирана.  Се препорачува за масна кожа, за секоја возраст. Се нанесува особено на Т-зоната и површините со проширени пори.

ЛИНИЈА ЗА БЛЕСКАВА КОЖА

Линијата за блескава кожа е врз база на Active Seeds комплекс со екстракт од стрелиција коешто помага за намалување на пигментацијата на кожата и во обновување на слоевите на кожата, така што  површината станува помазна и блескава. Семето од стрелиција потекнува од најубавите егзотични цвеќиња и е одлично за корекција на тенот на кожата и го враќа нејзиниот блескав изглед и сјај. Освен тоа, нијансираниот крем за лице од оваа линија не само што ги намалува  недостатоците и го враќа природниот сјај на кожата, туку благо и ја нијансира кожата, прилагодувајќи ја на тенот на секоја кожа. Се препорачува за кожа без сјај и уморна кожа со нерамномерен тен и темни дамки.

ЗАЦВРСТУВАЧКА ЛИНИЈА 35+ 

Линијата против стареење е наменета за потребите на кожа за возраст 35+. Active Seeds комплексот со семе од калинка е формулиран да ја зајакне структурата на кожата, колагенот и еластинот. Калинката е полна со антиоксиданти кои се борат против слободните радикали и го одржуваат младешкиот изглед, одржувајќи ја текстурата на кожата, подобрувајќи ја нејзината еластичност и цврстина. Оваа формула ја потхранува и зацврстува кожата, видливо го омекнува изгледот на тенките линии (линиите кои се создаваат од загриженост и смеење) и површинските брчки. Одговара за сите типови кожа. Се препорачува за кожа која покажува први знаци на стареење.

НАПРЕДНА ЛИНИЈА ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ 45+ 

Оваа линија е наменета за кожа 45+ која покажува знаци на напредно стареење. Active Seeds комплексот со семе од калинка го стимулира создавањето на колаген во кожата, помага во зајакнување и подобрување на изгледот на кожата, длабоко ја потхранува и надополнува и го намалува појавувањето на длабоките брчки и тенки линии. Калинката е витална, богата со антиоксиданти и помага во забавување на процесот на стареење на кожата. Одговара на сите типови на кожа со напредни знаци на стареење, на пр. длабоки брчки, дисколорација, изгубена цврстина и сувост.

ПРОИЗВОДИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЛИЦЕ

Производи со нежна формула без сапун, кои содржат active seed комплекс. Јатките за чистење содржат супстанца која помага за лесно отстранување на себумот и кога ќе се помеша со вода се претвора во блага пена. Богати со хранливи состојки, производите за чистење на лице ја отстрануваат нечистотијата и шминката, а истовремено длабоко ја чистат кожата без претерано сушење. Одговара за сите типови на кожа и за секоја возраст.