Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Прекрасна приказна!

130-те години на AVON – приказна за убавината и независноста

Кога ќе видиме флаери стари повеќе години, тешко е да се поверува колку долг пат поминал AVON, а сето тоа започнало само со еден човек кој ги сакал жените и имал храборост да се бори против стереотипите. Не ја знаеш оваа приказна? Прочитај ја!

Беше 1886-та година кога продавачот на книги Дејвид МекКонел ја основал California Perfume Company. Во тоа време жените немале право на глас – го добиле дури 34 години подоцна – и многу од нив седеле дома грижејќи се за децата. Независноста била незамислива. Наспроти ова, Дејвид решил да ја вработи г-ѓа Алби, 50-годишна жена и мајка на две деца. Што стоело зад оваа одлука? Денес е тешко да се каже, но сигурно тоа бил многу успешен потфат!

Крин, циклама и многу среќа!

Првиот производ на компaнијата била тоалетната вода Little Perfume Dot Set: мешавина од пет мириси – крин, циклама, хелиотроп, бела роза и хијацинт. И производот и начинот на неговата дистрибуција се покажал како добар: жените секогаш сакале да бидат убави и да се негуваат, a методот на директна продажба ја забрзувал одлуката за купување, особено кога производот бил препорачан од страна на друга жена. Дејвид го држел темпото и компанијата брзо почнала да се развива. Во 1902 година веќе имал 10 илјади консултанти, главна производна постројка и лабораторија.

Далеку, дури и повеќе од тоа

Во 1914 компанијата започнала со работа во Монтреал, Канада, а на почетокот на 1920-ите години продажбата достигнала милион долари.

Логото AVON за првпат се појавило во 1928 година. Името го добилa по реката која тече низ Стратфорд-на-Авон, родното место на омилениот писател на Дејвид МекКонел – Вилијам Шекспир. Глобалните тешкотии не ја спречиле компанијата од понатамошниот развој: ниту Големата депресија (наспроти сите неверувања, AVON постигнал 70% пораст на продажбата!), а ни Втората Светска војна не ѝ можеле ништо.

Во 1946 година, 60 години по раѓањето на AVON, компанијата се појави на берзата со вкупен обрт од 21 милион долари!

Во 1992-та година, по падот на комунизмот, AVON ги започнува своите активности во Полска. Пет години подоцна, фабриката во Гарволин започнува со работа и станува една од најголемите и најмодерни фабрики за козметика и дистрибутивен центар во Европа. Производите направени во Гарволин се дистрибуираат во над 59 земји во светот.

Денес, AVON има над 6 милиони Претставници, од кои 200 000 само во Полска! Сето ова оди во прилог на фактот дека AVON е една од најголемите козметички компании во светот.

Социјална ангажираност

Ангажираноста во однос на женските права е вградена во компаниската ДНК. AVON овозможува не само продажба на производи за убавина, туку исто така им помага на жените да заработат и да ги исполнат сопствените соништа. Се бори со брчките, но и со ракот на дојката, семејното насилство и ја застапува потребата од женската финансиска независност. Тоа е компанија која не само што ја носи убавината до вашиот праг, туку и ја отвара вратата за вас. Нашите Претставници се жив доказ за тоа – нивните приказни зборуваат за себе.

Ние веруваме дека секоја од нас е убава и може да стане голема, независна и силна жена. Ние не ги следиме слепо трендовите и не промовираме XXS модели – тоа не е она што е важно за нас. Она што е вредно за нас е – нашето здравје, убавина и моќ.

130-те години на AVON се слава на жената, женственоста, убавината и независноста изградена од сите нас.

Ви благодариме што сте со нас!