Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Избери ја најдобрата маскара за тебе!

Маскарата, заедно со карминот, е најчесто користениот козметички производ. Како да ја избереш најдобрата маскара? Што треба да направиш за да го добиеш ефектот на совршени трепки?

Совршената маскара ја нагласува убавината на окото, не создава лепливи грутки и овозможува изглед како од салон за убавина!

Кои се најважните компоненти?

1. Четка за маскара!

Четката овозможува соодветна примена на производот. На што треба да обрнеш внимание? Прво, она што е најзначајно е големината на четката!

  • Преголема четка е тешко да се користи
  • Премалата четка непотребно го одолговлекува нанесувањето на маскарата
  • За секојдневна шминка најдобрата четка е со средна големина, густа и со тесен врв. Ваквата четка добро функционира со сите облици на око и обезбедува природна и елегантна шминка. Пример? Маскара SuperExtend со формула за негување и издолжување на трепките

Ако сакаш твоите трепки да имаат ефект на зголемување на очите, избери маскара која има четка со одвоено, синтетичко влакно што точно може да ги покрие твоите трепки. Таквиот ефект може да се добие со маскарата Avon SUPERSHOCK Max. Внимание! Резултатите се импресивни!

2. Техника за нанесување!

Не е само квалитетот на козметиката и четката што се брои: важна е исто така и техниката со која ја нанесуваш маскарата!

  • Ако сакаш природен изглед на трепките, нанеси маскара само на горните трепки со цик-цак движења, започнувајќи од коренот на трепките со движења нагоре
  • Доколку нанесеш маскара на твојата кожа, нежно избриши ја со памук
  • Можеш да нанесеш маскара неколку пати, но потруди се да не оставиш грутки
  • Доколку сепак останат неколку грутки, старата маскара може да ти помогне! Искористи ја сувата четка од старата маскара и полека и нежно исчеткај ги грутките од трепките со неа

Резултат? Одвоени, издолжени и еднакво нашминкани трепки!

Специјална маскара

Постојат моменти кога обичната црна маскара не е доволна. Тогаш, можеш да искористиш маскара во боја, да нанесеш дополнителен слој или специјална маскара!

Вреди да се имаат во предвид некои основни правила:

  • Обоените маскари најдобро функционираат во помалку формални прилики, кога твојата шминка е експресивна и може да се забавуваш со твојот стил
  • Класичниот изглед најдобро се истакнува со безвременска црна боја
  • Доколку сакаш импресивен волумен и должина, пробај маскари кои имаат еднакво добар ефект како вештачки трепки: Big&False, или Spectralash (3 ефекти на волумен во 1 маскара)

Твоите трепки со УЛТРА ефект

Дали сонуваш за трепки како од насловна страница на модно списание? Подигнати трепки со волумен и густина? Можеш лесно да ги имаш! Доволно е само да ја примениш новата маскара Ultra Volume за раскошни трепки, новитет во Брошура 4!

Маскарата содржи иновативен SmartFibre комплекс со 3 придобивки: ултра волумен, мултипликација и густина. Маскарата ги пополнува празнините и создава изглед на повеќе трепки. Четката во облик на бадем ги подигнува трепките од коренот и ја зголемува густината. Маскарата е водоотпорна, не се размачкува и не се рони. Совршена е за секој ден, за вечерно излегување, за лежерни активности, тренинг па дури и пливање во базен. 85% од жените што први ја пробаа новата маскара потврдија дека им дава на трепките раскошен волумен. Пробај ја и ти и провери колку спектакуларни можат да бидат и твоите трепки!