Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

Неопходна нега во зима – не заборавај ја заштитата од сонцето!

Мора да си ја обезбедиш за време на зимските ски-патувања. Совршено ти е јасно дека сонцето и мразот не се најдобрите сојузници на кожата. Како да го заштитиш лицето од нив? Ние ти ги нудиме најнеопходните производи за нега во зима, но не само додека скијаш!

Дневна обнова на балансот на кожата

Зимата не е добра сезона за кожата. Лицето останува незаштитено и изложено на мраз, ветер и температурни промени. Сето тоа предизвикува кожата да стане поподложна на иритации, црвенило и сувост, со испукани капилари, отколку што е во пролет или лето. Кожата станува почувствителна, бидејќи надворешните услови го пореметуваат нејзиниот природен баланс и ја пробиваат нејзината заштитна бариера.

Потребно е да ги урамнотежиш тие негативни влијанија со помош на дневна нега на кожата каде соодветната хидратација и потхранување се пресудни за нејзината состојба. Потребен ти е крем (и не само во текот на скијањето) кој дополнително ги смирува иритациите. Пробај го Avon Care кремот за лице со екстракт од овес и камилица – совршен е за во зима!

Заштити се од зимското сонце!

За зимските патувања, но и за зимските услови во град, користи кремови со UVB и UVA филтри. Зимското сонце може да исонча, што придонесува за побрза дехидратација и стареење на кожата! Зимските сончеви зраци имаат удвоено дејство, бидејќи се одбиваат од снегот – имај го ова на ум кога ќе се заборавиш на скијачките патеки. Користи ги најсилните блокатори на сонце (линијата Avon sun +) ако сакаш да ги избегнеш црвенилото и иритациите. Кога ќе ги почувствуваш последиците од изложеноста на сонце по враќањето од снежните падини, нанеси крем збогатен со витамин Ц (крем за после сончање). Тој ќе ги смири ефектите од изложеноста на сонце и ќе помогне во обновата на соодветната рамнотежа на кожата.

Загреј се!

Враќањето дома по скијачкото лудило или по долгата зимска прошетка е значително поразлично од враќањето од сончевата плажа! Треба да се загрееш, а тоа е препорачливо и за твојата кожа, исто така. Загреј се со топла релаксирачка бања, a потоа втриј ја соодветната козметика на твоето лице и тело. СПА ритуалите длабински ја загреваат кожата за таа подобро да ги апсорбира хранливите продукти. Пробај козметика со екстракт од кафе или минерали од Исланд за дополнително да ја омекнеш кожата.