Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

5 причини поради кои му се восхитуваш на твојот сакан

Тој не е совршен, но во тешки времиња неговата цврста рака те поддржува на многу начини. Се надополнувате еден со друг, дури и во детали кои некогаш те доведуваат до лудило. Ти и тој. Што најмногу цениш кај него и како тоа можеш да му го покажеш? Св. Валентин е одлична можност да му кажеш колку му се восхитуваш!

Секако, меѓусебната љубов и почит треба да се искажува што почесто, но сите знаеме дека во секојдневната гужва нежните зборови некако ги запоставуваме, бидејќи повеќе сме фокусирани на работни задачи и вршење на набавки, отколку на другите луѓе. Деновите како Свети Валентин охрабруваат и поттикнуваат да ги искажеме нашите нежни чувства еден кон друг. Што навистина љубиш кај него толку многу? Што забележа кај него прво? Кои негови квалитети сеуште те импресионираат? Цени го твојот сакан!

Бидејќи тој ги дели обврските со тебе

Едноставно, тој е одличен партнер. Можеби не чисти секогаш како што ти умееш и сакаш, но тој никогаш не се колеба да го заврши својот дел од обврските во домот. Тој сака да чисти со правосмукалка, а уште повеќе – да готви. Неговите јадења се чисто мајсторство и секогаш кога пријателите ќе дојдат на посета, кујната е во негови раце. Ти си толку горда на него во таквите моменти! Но вистинската работа која ти го грее срцето е кога го гледаш со децата. Тој е одличен татко: нежен, внимателен и трпелив.

Благодарение на вашата подеднаква поделба на домашните обврски ти имаш малку време и за себе! Можеш да ги реализираш личните желби и да се развиваш професионално, нешто што тој совршено го разбира и прави се' за тоа да биде можно.

Заблагодари му се со некоја ситница, цврсто прегрни го и не штеди ги убавите зборови!

Бидејќи тој е чувствителен

Тој секој ден те изненадува со убави дела, бакнеж, насмевка. Не можеш да му се лутиш долго време, бидејќи неговиот шарм разоружува. Се восхитуваш на тоа како тој сеуште ти се додворува и колку многу се грижи. Тоа е точно како што си замислувала дека треба да биде. Тој е партнер за цел живот. Не останувај должна и смести се во неговата прегратка, ти го сакаш мирисот на неговата тоалетна вода и образите што гребат. Таквите моменти би можеле да траат вечно!

Бидејќи тој е човек од доверба

Без оглед на се', твојот партнер е оној на кој секогаш можеш да се потпреш. Тој ќе ти помогне во секаква потешкотија, како на пример во метежот кога одиш на работа, кога ќе прегори сијалицата, или кога ќе треба да се заковаат шајки. Тој те поддржува кога другите напаѓаат. Тој умее да слуша и да нуди совети кога ќе се соочиш со проблеми на работа. Тој ти помага да пронајдеш решенија за најголемиот дел од проблемите. Со таков човек ти можеш да се соочиш со сите предизвици! Подари му нешто и кажи му за сите овие нешта!

Она што е најважно е кога сте заедно, времето не се мери! Твојот партнер е твојот најдобар и најдоверлив пријател! Заедно, можете да правите сешто. Може дури и да користите уред кој ќе ви помогне на обајцата совршено да се синхронизирате!