Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

Добредојдовте во Убавина со цел

Добредојдовте во Убавина со цел – се радуваме што нѐ пронајдовте. Зошто? Бидејќи имаме порака и ни треба вашата помош за да ја пренесеме понатаму.

Но најпрво, да се вратиме на почетоците. Годината е 1886-та – една многу инспиративна година. Статуата на Слободата беше откриена во Њујоршкото пристаништето. Луѓето патуваа за да го видат огромното здание – симболот на слободата и пријателството - исправена пред нив.

Во Њујорк, истата таа година, младиот претприемач по име David McConnell основа мала компанија за директна продажба на парфеми. Tаа компанија — сега позната како Avon — стана една од најпознатите брендови за убавина во последните 130 години. Што стои зад овој успех? Нашите Avon Претставници. Од само неколку жени, Avon прерасна  во една од најголемите компании за убавина во светот, со над 6 милиони Претставници кои заработуваат за живот од убавината која тие ја сакаат и помагаат во градењето на еден поубав свет..

А тоа нѐ носи во денешницата. Убавина со цел е нов начин да се зборува за идеја која отсекогаш била дел од приказната на Avon: Светот има потреба од повеќе охрабрени жени. Нам ни требаат повеќе жени кои не само што имаат големи соништа, туку исто така, наоѓаат и начин како да ги преточат тие соништа во реалност. А ние знаеме дека најважниот погон на женското охрабрување е финансиската независност. Според Светскиот Економски Форум, согласно моменталните соодноси, жените нема да достигнат економска еднаквост со мажите сѐ до 2095-та година. Ние сметаме дека тоа е предолго време за чекање. Ајде да создадеме услови таа промена да се случи  — и да направиме да се случи наскоро.

Затоа, се надеваме дека ќе ни се придружите и ќе пронајдете инспирација за да станете дел од ова движење. Сториите и видеата кои ќе ги пронајдете на оваа страница се создадени да иницираат дискусија и да ја разгорат имагинацијата. Се надеваме дека ќе ги споделите со вашите пријатели на Facebook, ќе разговарате за овие важни прашања на вашите блогови и ќе се осмелите да се видите себеси како дел од оваа подобра иднина.

Запомнете: Осамостојувањето е целта, убавината е патувањето.