Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

5 начини да воспоставиш рутина за спиење — и да ја зголемиш утринската продуктивност

Тајната за продуктивен ден? Подготовка за него претходната ноќ. Од долгата листа на задачи, до нивната вистинска реализација, имањето на планирана попладневна рутина ќе ти овозможи да се опуштиш и ќе те подготви за идните успеси.

Еве како да го започнеш денот на вистинскиот начин — и да се разбудиш подготвена за утринските предизвици.

1. Создади тивок простор.

Отстранувањето на бучавата и креирањето на мирна околина - колку е тоа можно, е особено важна кога се подготвуваш за вечерното спиење. Придобивките од ароматерапијата за смирување и користењето на дифузерот со масло од лаванда секоја вечер пред спиење се огромни. Исто така, малку јога и чај се одлични за смирување. 2. Земи пенкало и нотес.

Некои велат дека листата со задачи е неопходна за да се максимизира ефикасноста. Пред легнување можеш да го провериш календарот за следниот ден за да видиш за што треба да се подготвиш. Запиши ги и сите одлични идеи кои ќе ти паднат напамет пред да потонеш во сон!  3. Разгали се со ритуал за нега на кожата.

Личната нега со помош на смирувачки третман за кожа може да биде одличен за блокатор на стресот. Убавината и добросостојбата извираат однатре кон надвор. Користи ја Anew Clinical ноќната маска за хидратација и регенерација на кожата со хијалуронска киселина и надокнади ја загубената влажност на кожата додека спиеш.

4. Направи рекапитулар на денот.

Одвојувањето на време за да ги разгледаш добрите и лоши случувања помагаат во препознавањето на областите каде треба да се поработи, но и на квалитетите кои ги поседуваш. Според неодамнешните истражувања, внатрешната самосвесност е важен фактор во целокупното размислување, расудување и благосостојба. 5. Максимизирај го спиењето.

Не занемарувај ја важноста на квалитетниот сон: Студиите покажуваат дека е неопходно за зголемување на моќта на мозочната активност и меморија. Секогаш стреми се да спиеш седум до девет часа во текот на ноќта. Еве уште една причина повеќе за да си легнеш порано: Janet K. Kennedy, Ph.D., клинички психолог, вели, “Информацијата која ја примаме во текот на денот се преработува во меморијата во текот на спиењето. Заморот ја нарушува концентрацијата и го отежнува примањето на нови информации."