Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

Запознавање со...

Во улога на модел за претприемништво во својата заедница, Претставниците на AVON сега се и наши вистински компаниски модели. Тазе излезени од печат, претстојните брошури на AVON ќе ги содржат неколку од нашите најинспиративни AVON Претставници. Овие жени го отелотворуваат концептот “Убавина со цел”, а преку убавината секојдневно ги инспирираат и останатите. Во овој серијал, ќе ви овозможиме краток поглед на нивниот инспиративен и охрабрувачки животен пат.

 

Марија Сивева од Битола е AVON Претставник од 2006-та година. По добивањето на AVON подарок на презентација и пробувањето на неколку производи, таа решава да стане претставник. Тој момент предизвикува промена во нејзината целосна перспектива на животот: “AVON е нешто без што не можам да го замислам мојот живот. Секој нов ден ми почнува и завршува со AVON,” вели таа. Во 2011-та година влегува во привилегираниот клуб на Топ Претставници, каде впрочем сеуште е.

Изјавата, “Постои убавина во сите нас. Бидете горди!”, не е само фраза, вели Марија. “Сметам дека комбинацијата на убавина и став нѐ води и поддржува додека работиме на остварувањето на нашите цели, а чувството дека сум убава ми создава позитивен став кон животот.

За мене, охрабрувањето значи:

поттик да се обидам да направам некои работи за кои сум мислела дека се невозможни. Храброста ме поттикнува да преземам определени ризици, ми дава сила да бидам внимателна, но и мудрост да бидам смирена. Храброста е основа на интегритетот на една личност. Таа е иницијаторот да делувам – визијата без акција е само сон, акцијата без визија е само губење време. Визијата заедно со акцијата можат да го променат светот.

Се чувствувам најубаво кога:

сум опкружена со луѓето кои ми се драги и ги сакам, во мирна, хармонична атмосфера исполнета со насмевки и радост.

Најдобриот совет од мојата мајка:

животот е краток, немој да го потрошиш на погрешни луѓе. Биди она што си и немој да се менуваш за никого, освен за себе. Луѓето што искрено те сакаат и почитуваат, ќе те сакаат поради она што си, со сите маани и доблести, а не поради она што можеш да бидеш.

Ваша омилена изрека е:

Не оди по патот кој има насока, наместо тоа оди по патот кој нема патека и остави твоја трага.” Тоа во слободно толкување би значело: “Немој да го правиш она што го прават другите, обиди се да ја пронајдеш и напишеш својата судбина. Биди различен од останатите и така секогаш ќе бидеш запаметен.”

Моето “тајно оружје” е:

мојот омилен парфем Avon ChristianLacroix Nuit, секогаш се чувствувам посебно кога го имам на себе.

Пријателството е:

Според мене, најдобра дефиниција за пријател има дал Шекспир, кој вели: “Пријател е оној кој те познава каков си навистина, разбира низ што сѐ имаш поминато, те прифаќа онаков каков што си и секогаш ти дозволува да растеш“. Работењето со AVON ми возможи да стекнам уште една таква добра пријателка, која воедно е и мој координатор.

Моите викенди типично се:

вообичаено порастоварени од обврските кои ги имам во текот на работната недела, па времето го користам за прошетки, дружење со пријателите, кога во моментите наменети за пиење кафе, една од темите која секогаш е наметнува е, секако, AVON, и новините кои ги нудиво секоја своја нова брошура.

Сакам да си бидам свој шеф бидејќи:

тоа ми дава можност да одлучувам за многу работи, без ограничување да применам мои стратегии на работа и да се насочам онаму каде што сметам дека ќе биде најпродуктивно. Работењето со AVON ми го овозможува токму тоа.

Мојот најголем квалитет е:

упорноста, секогаш настојувам да најдам решение за секој проблем; настојувањето да го извлечам најдоброто. Но, секако дека упорноста не вреди ништо доколку човек не е чесен и искрен. Само комбинацијата на тие три работи го прави човекот вреден за почит.

Ако се насукам на напуштен остров, со себе би понела:

саканиот, неколку добри книги и секако, колекцијата AVON Sun за да се заштитам од штетните сончеви зраци!