Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

Со AVON станав финансиски независна и го открив рецептот за постојан напредок!

Во Avon, ние ја разбираме моќта и потенцијалот убавината да ги трансформира животите на луѓето.Ние веруваме дека убавината е повеќе од она што е на површината; таа е патот за охрабрување на жените. Бидејќи, кога се чувствуваш убаво, гледаш повеќе убавина и создаваш повеќе убавина околу себе.Нашите потрошувачи и нашите Претставници ја споделуваат мисијата да го направиме светот поубав и побезбеден за сите жени во светот. Кога ги купувате омилените Avon производи, се чувствувате добро знаејќи дека со таа продажба помагате на некоја жена, пријател, сосед или член на семејството – а не ги давате парите во некој безличен ланец.

Осамостојувањето е целта. Убавината е патувањето.

Ова е Убавина со цел.

Во годината кога AVON ја слави 130-годишнината од своето постоење, компанијата ја раскажува својата приказна за Убавина со цел, сторија за убавината, можностите, хуманоста и финансиската независност. Ви ги претставуваме нашите успешни Лидерки!

Таа има 24 години, студира квалитет и безбедност на храна, страстен фан на ракомет и фудбал и најревносен организатор на забави. Се придружи на големото AVON семејствo во кампања 15 во 2013-та година, и веќе следната година успеа да се искачи на скалата на успехот, добивајќи ја титулата Јуниор менаџер. Во редовите подолу, одблизу со Марија Ѓорѓиевска од Скопје.

Марија во три збора: организирана, искрена, амбициозна.

AVON за тебе претставува: иницијатор и двигател на огромни промени кај мене, како на професионално поле, тоа и на приватно. Привилегија е да си дел од вакво семејство како Avon.

Најдобрата работа да бидеш сам свој шеф е: личната одговорност за сопствен бизнис, како и сумата на заработка која самостојно си ја планираш и реализираш.

За тебе, охрабрувањето и финансиската самостојност се: созревање во животот, процес кој не' карактеризира професионално и приватно, стремејќи се кон повеќе и подобро.

Во животот, се залагаш за: совршен баланс меѓу успешна кариера и солиден приватен живот, а тоа со AVON го најдов 100 – процентно!

Најдобриот совет од мајка ти: верувај во себе и секогаш однесувај се кон другите како кон свој ближен.

Твоите клиенти се: обожуватели и страсни корисници на нашите парфеми, како и останатите производи, но при изборот, секогаш очекуваат да добијат добар совет и препорака. Сакаат атрактивни понуди со пристапни цени, а со одличен квалитет.

Убавината е: сѐ она кое му годи на човек, го прави да се чувствува најдобро во своја кожа, тоа е чувството на независност, амбициозност, професионализам, доверба, поддршка, сочувство; и да се има цел, за сопствено добро и доброто на сите други. Да биде Убавина со цел.

Твоето “забрането” задоволство е: пица кватро формаџи и кока кола, комбинација од која не се откажувам по ниедна цена :)

Најубав дел од викендот: попладне, опуштен семеен ручек, по што следи со дружби со пријатели.

Твоето “тајно оружје”: Маскарата Luxe, толку прекрасно ми ги истакнува очите, што без неа нема добро утро!

Ако се насукаш на пуст остров, со себе би понела: крем за сончање, мобилен телефон и пица. Крем поради основна заштита на кожата, телефон затоа што е дел од мене, а и за супер кул фотографии и пица, затоа што кватро формаџи нема да е убава со тамошните состојки :)