Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

Запознавање со...

Во улога на модел за претприемаштво во својата заедница, претставниците на AVON сега се и наши вистински компаниски модели. Тазе излезени од печат, претстојните брошури на AVON ќе ги содржат неколку од нашите најинспиративни AVON претставници. Овие жени го отелотворуваат концептот “Убавина со цел”, а преку убавината секојдневно ги инспирираат и останатите. Во овој серијал, ќе ви овозможиме краток поглед на нивниот инспиративен и охрабрувачки животен пат.

 

Кристина Несторовска од Скопје е AVON Претставник од 2015-та година. Веќе неколку години АВОН е нејзино секојдневие и љубов на прв поглед. Случајно и ги пробала AVON шминките од нејзиниа ппријателка за едно излегување. Веќе наредните денови се ангажирала околу нивна порачка бидејќи била презадоволна. Подоцна дошле на ред парфемите. Долго време порачувача преку други претставници, а подоцна и самата станала Претставник. Сега ужива во предностите да проба скоро сѐ што AVON нуди, а посебно се радува и на поволностите, попустите и подароците кои ги добива.

Таа исто така, во себе открила и нова вештина: “Низ искуството со Avon, обожувам да разговарам со луѓето.” Тоа е патување кое ја одвело до најубавата себеси. Tајната? “Дефинирајте што тоа значи за вас, а потоа оставете вашата надворешна и внатрешна убавина да сјае.”

За мене, охрабрувањето значи:

поттик на храброст, поткрепа да се истрае во нешто или поголема смелост во исполнувањето на некоја цел.

Се чувствувам најубаво кога:

ми се допаѓа одразот во огледало и кога сум со блиските во пријатен амбиент и уживам во позитивна атмосфера.

Најдобриот совет од мојата мајка:

и до некаде сеуште е: "Не брзај да пораснеш, за сѐ има време".

Моето “тајно оружје” е:

дефинитивно АVON. Сите производи кои ги нуди и истите јас ги имам се "виновни" за мојата убавина и служат како мое тајно оружје.

Пријателството е:

кога си ја препознавам сопствената душа во некој друг.

Моите викенди типично се:

интензивни. Бидејќи мојата работа не познава викенди и празници, она што за другите е луд викенд за мене е обичен петок, сабота или недела кои претежно ги поминувам во домашна атмосфера со блиските.

Сакам да си бидам свој шеф бидејќи:

така што нема да зависам од некој друг и се што ќе сработам или не сработам ке биде за самата себе.

Мојот најголем квалитет е:

предноста што сум личност од понежниот пол, храбра, силна и способна да заработувам и да се грижам за себе и за блиските.

Ако се насукам на напуштен остров, со себе би понела:

своето момче и својот AVON несесер. Сѐ што ми треба имам тука и можам само да уживам.