Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

AVON ме научи како да станам лидер и да не зависам од никого!

Во Avon, ние ја разбираме моќта и потенцијалот убавината да ги трансформира животите на луѓето.Ние веруваме дека убавината е повеќе од она што е на површината; таа е патот за охрабрување на жените. Бидејќи, кога се чувствуваш убаво, гледаш повеќе убавина и создаваш повеќе убавина околу себе.Нашите потрошувачи и нашите Претставници ја споделуваат мисијата да го направиме светот поубав и побезбеден за сите жени во светот. Кога ги купувате омилените Avon производи, се чувствувате добро знаејќи дека со таа продажба помагате на некоја жена, пријател, сосед или член на семејството – а не ги давате парите во некој безличен ланец.

Осамостојувањето е целта. Убавината е патувањето.

Ова е Убавина со цел.

Во годината кога AVON ја слави 130-годишнината од своето постоење, компанијата ја раскажува својата приказна за Убавина со цел, сторија за убавината, можностите, хуманоста и финансиската независност. Ви ги претставуваме нашите успешни Лидерки!

Таа е дипломиран економист, а со своите 25 години веќе е Јуниор Менаџер во AVON, со успешен тим зад себе. За себе ќе каже дека AVON ѝ помогнал да ги открие и развие лидерските способности, да започне сопствен бизнис и да биде пример за околината. Станала поотворена, похрабра и помотивирана во остварувањето на сопствените соништа.Во редовите подолу, одблизу со Катерина Павлевска од Битола, Јуниор Mенаџер во AVON.

Катерина во три збора: насмеана, позитивна , искрена.

Најдобрата работа да бидеш сам свој шеф е: што имаш сопствен бизнис во кој самиот одлучуваш како ќе ја организираш работата и колку ќе бидеш успешен следствено на тоа.

За тебе, охрабрувањето значи: поставување на свои цели кои се стремиш да ги оствариш.

Најдобриот совет од мајка ти е: секогаш биди одговорна за своите постапки и соочи се со последиците. 

AVON за тебе претставува: дел од моето секојдневие, дел од мојот живот и мој долгорочен план за во идинина.

Твоето “забрането” задоволство е: обожавам чоколадна торта  и немам грижа на совест секогаш кога имам прилика да пробам :)

Најубав дел од викендот: вечерното излегување со пријателите.

Твоето “тајно оружје”: парфемот Avon Attraction со кој се чуствувам моќно и привлечно.

Ако се насукаш на пуст остров, со себе би понела: крем за сончање, маскара и балсам за усни. Балсамот - за неодоливи усни, маскарата - за истакнување на очите и кремот за сончање - за заштита на мојата кожа!