AVON e сигурност и охрабрување, но и неограничен потенцијал за нови знаења и огромни можности за заработка
Во Avon, ние ја разбираме моќта и потенцијалот убавината да ги трансформира животите на луѓето.Ние веруваме дека убавината е повеќе од она што е на површината; таа е патот за охрабрување на жените. Бидејќи, кога се чувствуваш убаво, гледаш повеќе убавина и создаваш повеќе убавина околу себе.Нашите потрошувачи и нашите Претставници ја споделуваат мисијата да го направиме светот поубав и побезбеден за сите жени во светот. Кога ги купувате омилените Avon производи, се чувствувате добро знаејќи дека со таа продажба помагате на некоја жена, пријател, сосед или член на семејството – а не ги давате парите во некој безличен ланец.
Осамостојувањето е целта. Убавината е патувањето.
Ова е Убавина со цел.
Во годината кога AVON ја слави 130-годишнината од своето постоење, компанијата ја раскажува својата приказна за Убавина со цел, сторија за убавината, можностите, хуманоста и финансиската независност. Ви ги претставуваме нашите успешни Лидерки!
Таа е дипломиран правник, има 28 години, работи на позицијата Сениор менаџер со тим од 450 претставници, а AVON ѝ е единствена и неизоставна дневна преокупација и ангажман. Преку работата со AVON запознала многу луѓе, а во исто се оформила како личност и прераснува во девојка која го разбира и е способна да води сопствен бизнис.Во редовите подолу, одблизу со Ирена Павлова од Штип, Сениор Менаџер во AVON.
Ирена во три збора: позитивна, амбициозна, искрена.
Најдобрата работа да бидеш сам свој шеф е: поради неограничениот потенцијал на заработувачка и можноста за воспоставување на рамнотежа меѓу приватните и професионалните обврски.
За тебе, охрабрувањето значи: колективна акција на индивидуалци кои се стремат да ги остварат своите идеали.
Најдобриот совет од мајка ти е: следи го своето срце и биди упорнa. Упорноста секогаш те доведува до целта и успехот.

Твојот најдобар совет за продажба: најнапред сами да ги пробате производите, а вашето задоволство од нив ќе ги натера и луѓето околу вас да ги купат истите. Вистинското задоволство и воодушевувањето е нешто што не може да се скрие.
Твоето “забрането” задоволство е: обожувам тестенини и немам грижа на совест поради тоа!
Најубав дел од викендот: сабота навечер, кога излегувам со моите пријатели.
Твоето “тајно оружје”: Парфемот ТТА Always. Едноставно го обожувам и никаде не излегувам без него.
Ако се насукаш на пуст остров, со себе би понела: крема за сончање, парфем и кармин. Кармин да ми ги освежи деновите, парфем за да се чувствувам убаво, и крем за сончање затоа што сите знаеме колку опасно е да се изложиш себеси на сонце без заштита – особено на пуст остров.