Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

Запознавање со...

Во улога на модел за претприемаштво во својата заедница, претставниците на AVON сега се и наши вистински компаниски модели. Тазе излезени од печат, претстојните брошури на AVON ќе ги содржат неколку од нашите најинспиративни AVON претставници. Овие жени го отелотворуваат концептот “Убавина со цел”, а преку убавината секојдневно ги инспирираат и останатите. Во овој серијал, ќе ви овозможиме краток поглед на нивниот инспиративен и охрабрувачки животен пат.

 

Емилија Димитриевска од Крива Паланка е AVON Претставник од 2005-та година.  Интересно е да се биде во нејзините потпетици, макар и за неколку часа! Како љубител на убава шминка и модни додатоци таа барала дополнителен извор на средства за да си го збогати својот несесер. Но, “кога станав AVON Претставник, открив дека заработувам многу повеќе пари од она што очекував на почетокот,” вели таа.

Сега, не зависам од никого кога станува збор за работа и заработувачка. Јас си го контролирам сопствениот живот,” додава таа. Всушност, Емилија ја има вградено во себе идејата дека “убавината е патувањето, осамостојувањето е целта.” “Пораката”, вели таа, “ме инспирира да се фокусирам не само на убавите аспекти кои ги нуди Avon туку навистина да го ценам и да посакам да го споделам охрабрувањето, личната моќ и можностите за раст и партнерство со Avon кое им се дава на жените.”

За мене, охрабрувањето значи:

Поттик да направиш нешто што сама никогаш не би пробала да го сторам.

Се чувствувам најубаво кога:

Ќе постигнам нешто што не сум верувала дека можам.

Најдобриот совет од мојата мајка:

Нема да им се допаднеш на другите, ако прво не си се допаднеш сама на себе.

Ваша омилена изрека е:

Триумфот е производ на упорноста.

Моето “тајно оружје” е:

Насмевката, и тогаш кога си среќен и кога не си.

Пријателството е:

Една душа во две тела.

Моите викенди типично се:

Дома покрај моето семејство.

Сакам да си бидам свој шеф бидејќи:

сакам сама да си го планирам сопственото време и да бидам свој личен супервизор. Тоа е вистинскиот начин за охрабрување и осамостојување.

Мојот најголем квалитет е:

Упорноста и истрајноста.

Ако се насукам на напуштен остров, со себе би понела:

костим за капење, очила за сонце, Avon Sun крем за сончање, моден магазин и МП3 плеер со моите омилени песни.