Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

Работам сама за себе, а трудот кој го вложувам во AVON ми се исплатува и наградува

Во Avon, ние ја разбираме моќта и потенцијалот убавината да ги трансформира животите на луѓето.

Ние веруваме дека убавината е повеќе од она што е на површината; таа е патот за охрабрување на жените. Бидејќи, кога се чувствуваш убаво, гледаш повеќе убавина и создаваш повеќе убавина околу себе.Нашите потрошувачи и нашите Претставници ја споделуваат мисијата да го направиме светот поубав и побезбеден за сите жени во светот. Кога ги купувате омилените Avon производи, се чувствувате добро знаејќи дека со таа продажба помагате на некоја жена, пријател, сосед или член на семејството – а не ги давате парите во некој безличен ланец.

Осамостојувањето е целта. Убавината е патувањето.

Ова е Убавина со цел.

Во годината кога AVON ја слави 130-годишнината од своето постоење, компанијата ја раскажува својата приказна за Убавина со цел, сторија за убавината, можностите, хуманоста и финансиската независност. Ви ги претставуваме нашите успешни Лидерки!

Дипломиран биохемичар, има 28 години, станала AVON Претставник во 2005-та година, а во кампања 17 во 2012-та година, станува Сениор менаџер во Зона 003. AVON ја научил како да стане попозитивна личност, да се избори за лична финансиска независнот, да склопува многу нови познанства и да ја гради продажната структура на Претставници, која успешно ја менаџира.

Во редовите подолу, одблизу со Ајше Мухареми од Тетово, Сениор Менаџер во AVON .

Ајше во три збора: вредна, амбициозна, успешнa.

Најдобрата работа да бидеш сам свој шеф е: независноста, слободно да работиш и да ги реализираш сопствените планови.

За тебе, охрабрувањето значи: самодовербата која AVON ми ја дава мене и на моите соработници, како финансиска, така и духовна.

Најдобриот совет од мајка ти е: секогаш работи чесно и вредно.

Твоето “забрането” задоволство е:  обожувам слатки и пица.

Најубав дел од викендот: времето кое го поминувам со семејството е бесценето. Сакам кога заедно пиеме кафе и разговараме, тоа навистина ме радува и исполнува.

Твоето “тајно оружје”:  слаба точка ми е парфемот Mesmerize Black и Super Shock маскарата без кои не можам да си го замислам денот.

Ако се насукаш на пуст остров, со себе би понела: вода, очила за сонце и една добра книга.