Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

СЕКОЈА НАГРАДА Е КРУНА НА ЗАЛОЖБИТЕ, МУДРОТО ПЛАНИРАЊЕ И МЕЃУСЕБНАТА ПОЧИТ ВО ТИМОТ

Наградата World Sales Leader по вторпат во рацете на Дана Стојкова, Национален Менаџер за продажба во AVON Македонија

Еднаш годишно, најдобрите Дивизиони Менаџери за продажба се наградени за своите исклучителни резултати и вложен труд во развојот на продажната мрежа на својот матичен пазар.

Втора година по ред, нашиот Национален менаџер за продажба, Дана Стојкова, ја имаше таа привилегија да се вброи во најдобрите AVON менаџери за продажба во светски рамки.

Патувањето во Виетнам, каде наградата World Sales Leader ја прими директно од рацете на Извршниот Директор на AVON, г-ѓа Шери МeкКој, за Дана претставуваше уште една силна и значајна потврда за континуираниот успех кој го бележи на македонскиот пазар веќе неколку години наназад, но истовремено е и дополнителна мотивација и обврска за во иднина.

Од еднонеделното патување исполнето со многу часови поминати во авионски летови и промена на временски зони, крајниот силен впечаток и импресија од оваа прекрасна авантура беше гала вечерата на која се доделија престижните годишни награди. На вечерата, особено силен впечаток кај Дана остави и говорот на г-ѓата МeкКој, каде меѓу останатото, се вели:

“Секогаш запомнете дека нашите Претставници се потпираат на нас, за да ја обезбедат иднината на AVON за генерациите кои доаѓаат. И, јас верувам дека ние можеме и дека ќе успееме во тоа.”

А за изборот на дестинацијата – Виетнам, г-ѓа МeкКој издои неколку интересни факти: “Постојат четири основни вредности во Виетнам. На прв поглед мислев дека ние не можеме да се пронајдеме и потпреме на нив. Но, како што ги читам, станува јасно дека тие се премногу релевантни за сите нас.

Првата е: Посветеноста кон семејството. Погледнете наколу, колкумина од вас го споделуваат овој успех со член на своето семејство? Колкумина го посочуваат семејството како движечка сила во животот?

Втората: Стремеж за добар углед. Трудејќи се да ја заокружиме трансформацијата на AVON, не значи дека тоа го правиме само за компанијата, туку и за себе.

Третата: Љубов кон учењето. Ако престанеме да учиме, престануваме да растеме,. Знаењето е начин како да ги прошириме погледите кон светот и да станеме поефективни во сѐ што правиме.

И четвртата вредност: Почит кон луѓето. Без почит не може да имате ефективен и функционален тим. Знам дека ниту еден од вас немаше да стигне дотука без меѓусебната почит кон вашите претпоставени и вашиот тим.

И ќе завршам со една Виетнамска поговорка. Таа гласи: Среќата е на страната на Храбрите.Вѐ охрабрувам сите да бидете храбри и ви посакувам континуиран успех.”

Тимот на AVON Македонија, предводен од Дана Стојкова, благодарение на вредностите кои ги негува и се залага, е горд и почестен што нашата мала земја стои гордо рамо до рамо со многу поголемите и економски посилни пазари од регионот и пошироко. Посакуваме уште многу вакви причини за славење во иднина!