Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

5 Бизнис совети од г-ѓа Алби

Во времето кога жените немале право на глас и можност за вистинска финансиска независност, постоела една жена - дел од историјата на AVON која им се спротивставила на конвенциите – нејзиниот прв Претставник, Г-ѓа Персис Фостер Ејмс Алби.

Оваа дама од Њу Хемпшир, родена во 1836-та година, била позната по својот стил, перцепција и знаење, што му го привлекло вниманието на основачот на AVON – Дејвид Х. МекКонел. Тој ја поканил да биде првиот трговски патник на компанијата ... и останатото е историја.

Без оглед дали работите за да се издигнете во корпоративните вертикали или сте претприемач кој се подготвуува да ја лансира следната одлична идеја, по нешто може да научиме и од оваа единствена жена – инспиративна двигателка.

1.    Направи скок на судбинатаИли наречете го оригинален стартап. Во 1886-та година, Г-ѓа Алби ризикувала и ја прифатила понудата на основачот Дејвид Х. МекКонел (кој го напуштал бизнисот со продажба на книги) за да работи како продавач од врата на врата за она што во тоа време се нарекувало California Perfume Company. “Г-ѓа Алби беше една од најуспешните Агенти кои ги имав во мојата работа со книгите и во нејзините раце јас го ставив првиот пробен примерок во биззнисот со парфемите,” напишал МекКонел во 1903 година. Позната по својата дискретна и рафинирана појава и непрегорната амбиција, Алби патувала со кочија, воз, или пешки, нудејќи парфеми на оние кои таа ги среќавала -  и будела огромен интерес!

2.    Имај план за играНејзината упорност се исплатела, и наскоро Алби била ангажирана да ги преземе секојдневните активности околу продажбата на парфеми. Секако, таа работела со полна пареа во остварувањето на нејзината мисија. Инвестирајќи во растечката популарност на парфемите, таа ги проширила своите рути на патување надвор од границите на нејзиниот мал Њу Хемпшир до целокупниот Североисток. Алби развила бизнис план со кој регрутирала жени кои служеле како “магацински агенти” и продавале производи во нивните соседства. “Затоа, ѝ ја даваме единствената најсоодветна почесна титула – Мајка на California Perfume Company,” напишал МекКонел. Стратегијата била толку успешна, што станала една од клучните симболи на препознатливост на компанијата која се користи до ден-денес.

3.    Сакај го тоа што го правишЗамислете си: Убедливата и подготвена Алби заклучува една успешна продажба, и потоа излегува на улица за да го поздрави следниот купувач и да направи уште една продажба. Алби се потпирала на нејзиниот нов стил, а напорната работа се исплатела во сите области од нејзиниот живот. Во писмо до МекКонел, таа напишала: “Не познавам ниту една друга работа која е толку исплатлива, пријатна и задоволителна како оваа.”

4.    Секогаш облекувај се за успехМоќта на облекувањето! Исто како што го живеела својот живот, Алби се облекувала смело, создавајќи личен стил во комбинации како долги фустани од тафета во боја на лаванда во слоеви со карнери, нагласени ракави и долги шлепови. Како сезонски и стилски патувач, таа никогаш не гледала причина да не се дотера додека е на пат. Во 2015-та година, нејзиниот стил стана познат откако елегантни комбинации на Г-ѓа Алби беа инспирација за специјалното издание на куклата Барби. 

5.    Шири ја љубовтаЕнтузијазмот на Алби бил целосно заразен. Како прв трговски патник на AVON, таа ги регрутирала и другите одлучни дами да работат за компанијата. Всушност, Алби успеала да ги охрабри жените преку нивно инкорпорирање во светот на бизнисот, цели 34 години пред жените да го добијат правото да гласаат! Една од првите вработени во компанијата, Ен Мини, дала цврста оценка и препорака за г-ѓа Алби, пишувајќи за неа во своите мемоари: “Во 1895-та година таа имаше околу 60 години и сеуште патуваше, работејќи скоро целосно по насоките на г-н МекКонел. Таа беше ќерка на свештеник, толку слатка и прекрасна и заслужува да има едно цело поглавје само за неа.” Денес, Претставниците на AVON ја имаат ставено на пиедестал – во буквална смисла на зборот. Од 1969-та година, компанијата започна да ги наградува најдобрите Претставници со 10-инчни порцелански статуетки на г-ѓа Алби. И да, навистина е Нешто да се добие една ваква статуетка.

Заклучок:Приказната на г-ѓа Алби нѐ учи дека без оглед колку мали или големи се вашите соништа, следете ги. Во добата на самовработување, којзнае каде малата амбиција инспирирана од г-ѓа Алби може да вѐ одведе!