Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

5 Важни лекции за животот од Дејвид МекКонел, основачот на Avon

1. Големите работи започнуваат со оригиналност и добра идеја.David McConnell, трговскиот патник – продавач нa книги од Освего, Њујорк, на почеток не бил подготвен да ја создаде револуционерната компанија за убавина. Но, како што патувал од врата на врата, неговите домашно направени примероци од парфеми се покажале како популарен начин да се започне разговор со клиентите и да се поттикне продажбата на книги. Оваа оригинална стратегија постепено прераснала во комплетно нов бизнис кога McConnell сфатил дека неговите потрошувачи биле позаинтересирани за неговите парфеми отколку за книгите.

2. Биди храбар и стреми се кон промени.  Во доцниот 19ти век, само една од пет жени работеле надвор од домот. Овој тренд започнал да се менува кога храбриот продавач McConnell почнал да ја менува статус кво ситуацијата и го создал Avon Претставникот – охрабрувајќи ги жените - шефови на генерациите кои следеле.

3. Осамостојувањето секогаш победува.   Во својот бизнис потфат, McConnell гледал можност да им понуди на жените шанса за финансиска независност. Во време кога било практично нечуено за можноста жена да води свој сопствен бизнис, во 1886 година тој ја создал California Perfume Company, која подоцна станува Avon кој го знаеме и ден-денес.

4. Вербата победува сѐ.  За McConnell, луѓето и производот го претставувале срцето на компанијата, а тој се обврзал дека и едното и другото секогаш ќе бидат врвен приоритет. Неговата тајна? Обезбедувањето неговите Претставници да бидат среќни, мотивирани и продуктивни – вистински водечки принципи за секој успешен проект. 

5. Вистинската мудрост е безвременска.Mногу лекции за 21от век можат да се научат од овој продавач и пионер, кој ги застапувал достигнувањата за жените на целата земјина топка. Avon почива не само на водечките принципи кои сега се поважни од било кога – вклучувајќи ја важноста за општествена одговорност и препознавањето на уникатната сила на секоја индивидуа – туку и на најважниот совет на McConnell, кој сеуште звучи свежо.