Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

Каролина: Љубовта, истрајноста и повисоките цели се мои животни водилки!

Македонската публика ја познава како исклучително дете – талент, од нејзиниот прв настап на фестивалот СИ-ДО во Битола, кога имаше само 10 години. Оттогаш, нејзината кариера е во постојан подем. Во 2002-ра и 2007-ма година ја претставуваше Македонија на песна на Евровизија. Во текот на 15-годишната кариера таа ниже успех до успех, а вистински репрезент за тоа се нејзините 11 издадени албуми. Сите тие параметри на кои, кога ќе се додаде исклучителната убавина, харизма и оптимизам, доведоа до тоа Каролина вo 2015-та година да стане заштитно лице на AVON Македонија, за парфемот Attraction и палетата декоративна козметика LUXE.

Но, кога станува збор за нејзината дисциплина, професионализам и страст – Каролина е вистински пример за Убавина со цел! Токму затоа, разговараме со неа за тоа од каде таа ја црпи позитивноста и самодовербата во градењето на кариерата, но и за нејзините идни планови.

ТАА Е ХРАБРА

Направи неколку храбри чекори во кариерата – од дете – пејач до вистинска дива на поп музиката во Македонија и пошироко на Балканот. Што ти дава сила во качувањето на скалилото на успехот?

Каролина: Силата ја црпам од љубовта кон тоа што го работам, од тоа што луѓето се среќни на моите концерти. Тогаш сфаќам дека целиот труд, време и љубов кои сум ги вложила во мојава работа не се залудни.

Која е твојата нова цел за оваа 2016-та година?

Каролина: Веќе е време да се појавам со нешто ново, ќе почнам и да работам на нов албум кој, кон крајот на годината би сакала да ѝ го претставам на публиката. Планирам да се ангажирам и во хуманитарни цели, онолку колку ми дозволува времето и работните обврски. Чувствувам потреба да дадам лична поддршка на хуманите иницијативи во Борбата против ракот на дојката и Семејното насилство. Секој човек треба да си постави пред себе некакви повисоки цели во животот и да се стреми да ги оствари.

ТАА Е ПРИЛАГОДЛИВА

Талентирана пејачка со ангелски глас кога си на сцена, секогаш “скоцкана” дама во приватниот живот  — како успеваш да правиш скок од една во друга улога која ти ја наметнува секојдневието и работата?

Каролина: Веројатно тој “скок” од професионално кон приватно се прави во секоја професија, само во јавните професии е поочигледен. Навикната сум да ги балансирам и двете работи, после толку години, сѐ ова ми доаѓа сосем природно, не го ни забележувам.

Кој совет би им го дала на жените на кои им треба охрабрување да започнат некаков нов деловен ангажман и да излезат од комфорната зона?

Каролина: Доколку имаат некоја идеја или желба која долго време ги копка и би сакале да ја остварат, секако треба да пробаат, затоа што сите знаеме - најдобрите работи се случуваат надвор од комфорната зона! Мои дами – охрабрете се!

ТАА Е ПОЛНА СО СТРАСТ ЗА ЖИВОТОТ

Во кој момент од твојот живот сфати што точно сакаш? Што те држи фокусирана за да продолжиш да си поставуваш лични предизвици?

Каролина: Со оглед на тоа што уште како дете намерно или случајно се најдов во овие води, професијава почнав да ја сфаќам сериозно дури откако малку созреав, кога почнаа да ми се случуваат концерти, патувања, запознавања на нови луѓе ... Јас искрено уживам во секој момент што ми го носи мојата работа, научив да се справувам со непријатните ситуации и секој нов успех ме мотивира за нешто ново.

Секогаш негувана и средена – очигледно е дека си почитувач на убавината. Кој е најважниот козметички производ без кој не можеш да си го замислиш денот?

Каролина: Не сум опседната со нега, освен со оние основни работи кои една жена треба да ги прави. Уште во раните 20ти години, почнав да користам квалитетни креми за лице и одев на редовни козметички третмани и се разбира, сѐ уште ги практикувам тие работи. Но откако станав заштитно лице на AVON за декоративната козметика LUXE и парфемот ATTRACTION, открив една нова димензија во начинот на кој се негувам! Сега веќе не можам да си го замислам утрото без дневниот крем против брчки ANEW Reversalist 35+, ја користам комплетната палета на декоративна козметика LUXE: течната пудра за свиленкаст изглед на кожата, маскарата со прав од црн дијамант, фантастичниот кремаст кармин и секако, сјајот за усни кој едноставно го обожувам!

Кој, според тебе, е рецептот да се биде успешна дама со кариера, а во исто време да не се запостави и приватниот живот?

Каролина: За жал, невозможно е барем во одреден момент да не трпи едното за сметка на другото. За да се биде успешна на професионално поле, веројатно во одреден момент мора да страда приватниот живот. За да бидете стопроцентно посветена мајка и сопруга, веројатно би трпел професионалниот живот. Но, ова се нормални фази од животот кои се минливи и не можат да наштетат, доколку знаете каде се движите.