Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

Нурни се во твојот страстен проект во 3 инспиративни чекори

Идеално е да го работиш она што го сакаш. Во реалниот живот, може да се најдеш во ситуација да работиш нешто што ти ги плаќа сметките и те држи зафатена, но можеби бараш нешто настрана што ќе направи твоето срце да заигра. Започни страстен проект: направи-сама, активност која тотално ќе те исполни во твоето слободно време. Дури и ако си лудо вљубена во твојата 9-до-5 рутина, страсниот проект може да направи да ја засакаш таа рутина уште повеќе.

Еве 3 примери како да го пронајдеш и да започнеш со твојот страстен проект додека работиш со цело работно време.

1. Пронајди ја својата страст

Дозволи си период на лично спознавање. Биди нежна со себе и направи го во форма на лично патување. Не форсирај ништо. Прави го она што го сакаш и сакај го тоа што го правиш.. секогаш движи се напред и ќе го принајдеп својот пат. На крајот, една активност ќе исплива на површината. Ти можеш да имаш повеќе страсти и интереси, но за да направиш нешто, фокусирај се на една работа и придвижи ја.

2. Најди време ... Без изговори

Страсниот проект е нешто на што не можеш да одолееш и го поминуваш секој слободен момент, бидејќи силно веруваш во него. Една недела, на пример, можеш да го користиш смартфонот или парче хартија за детално да забележиш како ја користиш секоја слободна минута во денот – спиењето, патувањето од едно на друго место и присутноста на социјалните мрежи не е исклучено. На тој начин, ќе откриеш дека имаш повеќе слободно време отколку што си мислеше.

3. Жнеј ги придобивкитеПостојат жени кои ги напуштаат редовните работни места во корпорациите за да се посветат на својот страстен проект. Дури и во случај да ја сакаш сопствената кариера, страсниот проект може да ти обезбеди План Б или да овозможи дополнителен извор на финансиски средства. И на исто како што вештините стекнати од професионалното искуство ти помагат во страсниот проект, така твојот страстен проект ќе ти помогне да ги подобриш перформансите во твојата основна работа. Страсниот проект дава сила, енергија, возбуденост и позитивност која ја носиш на работа секој ден. Да се има страстен проект надвор од работното место ќе ти помогне да додадеш енергија во основната работа.

Ако си страстен љубител на козметиката и трендовите во светот на модата и шминката, комуникативна си и сакаш да испробуваш нови работи, можеби твојот следен страстен проект е да станеш AVON Претставник ... ? Хммм, звучи како интересна авантура! Осмели се и уживај во пронаоѓањето на сопствените опции!