Македонија
    |         |    
BSP_winter_hair_care

Работата со професионален и успешен тим е гордост, но и привилегија!

На Националната годишна Конференција која се одржа минатиот месец во хотелот Александар Палас, Националниот менаџер за продажба во Avon Македонија по вторпат се закити со титулата World Sales leader, за постигнати особени резултати во продажбата во 2015-та година и успешно менаџирање на продажниот тим.

Секоја година, најдобрите менаџери на продажба во Avon се наградуваат за нивните особени успеси и придонес во продажбата на нивниот пазар. Дана Стојкова е на чело на тимот за продажба во Avon Македонија од 2012-та година, а веќе втора година е добитник на оваа престижна награда. Како признание и награда за постигнатиот успех во 2015-тата година, таа полека ги пакува куферите и се подготвува за егзотично патување во Виетнам.

Dana Stojkova

За своите досегашни искуства таа вели: “Долги години сум во Avon и навистина можам да кажам дека добро ги познавам приликите на македонскиот пазар, но и новите трендови во однос на продажбата воопшто. Постојаното усовршување и надградба - лична и тимска, ги покажа своите позитивни резултати, преку работата на терен, регрутацијата на нови Претставници, но и мотивирањето на постојните Претставници да бидат поактивни и да се залагаат повеќе во својата работа.”

Работата во Avon како постојана инспирација и предизвик

“Avon е компанија каде вреднувањето и наградувањето на успесите е клучен момент во начинот на кој таа функционира. Преку внимателно планирање, егзекуција и следење, од кампања до кампања, од квартал до квартал, успехот се мери не само преку вкупната реализирана продажба, туку и преку позитивната трансформација на многу животи. Во тоа е суштината на нашата приказна за убавината, можностите и финансиската независност. Таа е инкорпорирана во глобалната стратегија за соодветно наградување и оддавање на признанија на различните нивоа на продажната сила – Претставници, Координатори на тимови, регионални Менаџери и Национални менаџери за продажба.” –  објаснува Стојкова.

 

Dana Stojkova

Секое ниво се наградува врз основа на соодветни мерења на растот на продажбата и неколку останати параметри, како на пример раст на продажната структура, навременото плаќање на фактурите и сл. Напорната работа и постигнатите резултати се наградуваат со ексклузивни патувања на внимателно одбрани дестинации. Веќе 30 години Avon со огромна посветеност и љубов ги организира прекрасните патувања кои вклучуваат дестинации како: Лондон, Париз, Рим, Сингапур, Бали, Пекинг, Хонг Конг, Сан Франциско, Кан, Мадрид, Банкок, Њујорк, Лас Вегас, Сиднеј, Кејптаун, Буенос Аирес итн.

“Кога зборуваме за наградата World Sales Leader, таа претставува регионална награда за најдобриот менаџер за продажба, која се доделува на ниво на 5 земји” – продолжува Стојкова.

Втора година по ред Македонија заслужено ја освојува оваа титула, со што земјата се вбројува во групата земји со најуспешни менаџери за продажба на глобално ниво.

“Гордост е да се претставува сопствената земја на ваков начин. Тоа не треба да нѐ чуди бидејќи имаме одличен тим за продажба кој е искусен, енергичен, способен на брзи прилагодувања кон промени и постојано ориентиран кон остварување на одлични резултати” – завршува Стојкова.

Несомнено, стратегијата дека добрите резултатати секогаш треба да бидат јавно признаени и наградени претставува одлична мотивација за секој оној кој има лична амбиција, визија и упорност во она што го работи. Avon е вистински пример за тоа.