Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

8 важни факти за метастатскиот рак на дојка

Ракот на дојка не е било каква болест. Постојат повеќе видови, а метастатскиот рак е највирулентната и најсмртноносната форма. Сепак, многу луѓе знаат многу малку за него. Преку градењето на свесност и едукација за метатсатскиот рак на дојка, како и исправање на некои од вообичаено погрешните перцепции за болеста, ја фрламе неопходната светлина врз “метастаторите” и нивните семејства.

1. Метастатскиот е фатална форма на рак на дојка.

Meтастатскиот рак на дојка, познат и како Стадиум IV, е фатална форма на ракот на дојка. Тоа значи дека ракот метастазирал, односно се проширил надвор од дојката, на останатите делови од телото, најчесто во мозокот, белите дробови, црниот дроб и коските. Meтастатскиот рак на дојка е хронична, прогресивна и болест со фатален исход. Тој е одговорен за најголемиот процент на смртност кај жените.

2. Постојат третмани, но лек сеуште нема.

Кога ракот на дојка ќе метастазира, тогаш тој е неизлечив, а жените кои живеат со болеста се на долготрајни терапии во обид да го контролираат. Научниците и истражувачите сеуште не знаат зошто клетките на ракот се шират надвор од дојката, иако постои напредок во неговиот третман.

3. Жените со метастатски рак на дојка можат да живеат добар и исполнет живот.

Секое искуство на жена со метастатски рак е уникатно и значајно, а многу од нив имаат убав и исполнет живот по дијагнозата на истиот, во смисла на тоа дека се радуваат на матурата и дипломирањето на своите деца, присуствуваат на семејни свадби, продолжуваат да работат или се враќаат во училиште. Во последните неколку години евидентен е напредокот во програмите за подобрување на квалитетот на живот.

4. Мал дел од донациите за истражувања се наменети за метастатскиот рак на дојка.

Најголемиот дел од донациите за ракот на дојка се наменуваат за подигнување на свесноста, превецијата и раната детекција. Само околу 7% од парите вложени во истражувања се наменети специјално во изнаоѓање на лек за метастатскиот рак. Со дополнително финансирање во истражувања, некои научници веруваат дека во еден момент болеста би можела да се стави под контрола и да се третира како хронична, а не како галопирачки терминална болест.

5. Пациентот не е виновен.

Никој не “заслужува” метастатска дијагноза и тоа не значи дека жената носела погрешни одлуки за начинот на живот или пак не го детектирала доволно рано. Некои типови рак на дојка се едноставно поагресивни од останатите.

6. “Meтастатерите” имаат свој јазик.

Постојат многу различни термини за луѓето кои живеат со метастатски рак на дојка. Некои се нарекуваат “животарци,” “борци,” или “метастатери”, а помалку “преживеани,” бидејќи тие ќе го поминат остатокот од животот со болеста. Некои пак, не се идентификуваат со ниту еден од овие називи. Слично на ова, некои не сакаат да ги користат термините “битка” или “борба” со ракот, или “губење” и “предавање” поради импликациите дека тие можеле да сторат нешто повеќе за да ја победат болеста.

7. Да се биде болна изгледа поинаку за секоја жена.

Meтастатскиот рак на дојка кај секого изгледа различно. Бидејќи жените со метатстатски рак на дојка може често да го менуваат режимот на третмани, ефектите од третманот се менуваат, исто така. Вртоглавица, гадење, болки и проблеми со спиењето се најчестите непријатности. И како и кај сите, постојат добри и лоши денови.

8. Секој може да помогне во јакнењето на околината за луѓето кои живеат со метастатски рак на дојка.

Да се живее со метастатски рак на дојка зема психички, но и физички данок од пациентот и нејзиното семејство. Луѓето може да се чувствуваат осамено и стигматизирано поради болеста, или да се чувствуваат како губитници, на некој начин. Депресијата и анксиозноста можат да бидат незабележливи. Пријателите и членовите на семејството исто така, минуваат низ многу тешкотии. Поголемата поддршка од пријателите, семејството и пошироката околина може да биде значајна, како и зголемената свесност и едукација за метастатскиот рак на дојка воопшто. Постојат многу достапни извори за учење.

За повеќе информации и помош, AVON во Македонија ја отвори бесплатната СОС линија за помош и бесплатни совети – 0800 55 777.