Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

Нешто мора да се исфрли: 5 совети за одлична утринска рутина

Ако вашата утринска рутина завршува со лудо истрчување низ врата, а вие се прашувате зошто не успеавте да појадувате – иако некако стасавте да “ѕирнете” во социјалните медиуми – време е за мало духовно просветлување. Ефикасното утринско будење ги ослободува часовите кои ќе ги потрошите на сметка на вашата кариера и ќе ја дефинира основата за успешниот ден кој е пред вас.

Ако сте љубители на убавиот изглед како нас, скржавењето при подготовките не е опција. Во продолжение ви даваме неколку совети од успешни жени како да заштедите време, а сепак да излезете од дома чувствувајќи се прекрасни, освежени и подготвени да го освоите светот.

1. Не погледнувајте во телефонот.

Ако ја елиминирате технологијата од вашите часови на будење не само што ќе заштедите време, туку и ќе бидете со бистра глава во текот на денот. Наместо да гледате во дисплејот, искористете ги тие моменти за 20-минутна утринска медитација. Бенефитите се бесценети, ќе се уверите во тоа! Ако можеби малку погледнувате во телефонот, не одговарајте на повиците. Одговарајте на пораки, конверзации и постови на социјалните медиуми откако ќе излезете од дома. Ако сепак не можете да одолеете, останете фокусирани. Направете краток преглед на најважните пораки. Кога ќе утврдите дали нешто бара брз одговор, можете да си ја скроите утринската рутина врз основа на тоа.

2. Прескокнете го фенот (понекогаш).

Изберете фризура која бара минимален стајлинг. Ставете регенератор за коса кој не се плакне, истапкајте го вишокот со помош на пешкир и излезете од дома. Ќе имате природен изглед,а ќе заштедите повеќе време. Понекогаш, користете пегла за виткање или исправање на косата како брза алтернатива за миење и сушење. Помеѓу две миења на косата, сооберете ја во мазно коњско опавче и заштедете дополнително време.

3. Oрганизирајте го вашиот несесер.

Направете си лесен пристап до секојдневните неопходности во прибор кој ќе си го носите со себе за брзи корекции. Производите кои би ги користеле повеќе за специјални вечерни излегувања – јаки кармини, драматични сенки – чувајте ги на посебно место. На тој начин го скратувате времето во пребарување и ќе знаете кој производ каде се наоѓа. Еве мала организациска инспирација: секогаш чувајте ги сјајот за усни, карминот, компактната пудра и хартиените шамивчиња при рака. Не заборавајте да си набавите супер практичен несесер кој ќе ви биде лесно достапен секогаш и секаде.

4. Испланирајте што ќе облечете вечерта однапред.

Кога однапред знаете што ќе носите, тоа е од огромна помош. Претходно испланираната модна комбинација може да биде дополнителна мотивација за да станете од кревет, а изборот на тоа како ќе изгледате ќе ве поттикне да ги земете предвид вашите цели за следниот ден и да создадете стратегија за поголема лична продуктивност. Имајте ги предвид сите големи состаноци кои би можеле да ги имате или некои специјални планови (како на пример посета на теретана после работа). И секако, проверете ја временската прогноза!

5. Усовршете го утринското мени.

За да се осигурате дека нема да го пропуштите појадокот — или мора да истрчате од канцеларија во моментот штом пристигнете за да го земете многу потребното кафе и кроасан — однапред обезбедете си здрав оброк. Направете листа на набавки врз основа јадењата кои ќе ги испланирате за тековната недела и така ќе зашедите пари и време. Тоа е навистина добар начин да се ослободите од стресот и да добиете време за други работи во текот на денот.