Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

13 Монументални моменти во историјата на убавината

Уште од почетокот на времето, жените се одржувале и негувале за да се чувствуваат привлечно, здраво, исполнето и со самодоверба — сѐ во име на убавинатa. Но дефиницијата на зборот убавина е она што постојано се менува, онака како што цивилизациите ја дефинираат, а и тие самите се дефинирани од неа..

Ви нудиме мало патување низ времето во кое ќе се присетиме на некои од најважните моменти на убавината и трендовите низ историјата, од 4,000-та година п.н.е, па сѐ до денес!

1. 4,000 година п.н.е.

Шминката на Клеопатра била повеќе од само моден израз. Според National Geographic, нејзините нагласено исцртани очни капаци всушност ја штителе од инфекции. Малата концентрација на оловна сол во мочивчето, мешавина на животинска маст и олово, го зголемувало создавањето на азот-оксид во телото, кој го стимулирал имунолошкиот систем и помагал во борбата против бактериските инфекции.

2. 1370

Создаден е првиот “модерен” парфем за Кралицата Елизабета од Унгарија. Мирисот, познат како Унгарска Вода, бил направен од миризливи масла и алкохол. 

3. 1500

Уште една кралица, овојпат Кралицата Елизабета I, ја популаризирала првата шминка. Таа користела бело олово во прав и оцет за да создаде бела – како дух – подлога и потоа ги боела усните со темно црвена боја направена од пчелин восок и растителни бои. 

4. 1880-ите

Кралицата Викторија ја забранила употребата на шминка. Сметала дека изгледа вулгарно!

 

5. 1911

Се зборува дека вештачките трепки биле измислени од страна на американскиот режисер David W. Griffith за да се зголеми експресивноста на очите на актерките во немите филмови. Но, патентот во реалноста бил доделен на Канаѓанката по име Ана Тејлор, во 1911 година. Вештачките трепки нема да станат популарни меѓу обичните жени сѐ до 40-ите години од минатиот век.

6. 1912

Активистките како Elizabeth Cady Stanton и Charlotte Perkins Gilman кои се појавиле на Suffragette релито во Њујорк во 1912 година, носеле впечатлив црвен кармин за да ја означат слободата и бунтот во исто време, докажувајќи уште еднаш дека карминот може да стане симбол на женската сила.

7. 1929

Avon ја лансирал својата линија на козметика во боја во време кое потенцијално би можело да биде многу неповолно: за време на Големата Депресија. Сепак, бизнисот цветал благодарение на Претставниците кои патувале за да се сретнат лице в лице со купувачите, дури и во селските средини. Некои ова го нарекуваат “ефектот на карминот” — а студиите покажале дека во тешки времиња на економска нестабилност, многу жени се свртуваат кон својата омилена шминка и кон убавите работи за да го сочуваат доброто расположение.

8. 1939-1945

За време на Втората светска војна во Британија, не била достапна никаква друга козметика освен карминот, за кој се сметало дека го подига моралот. Жените болничарки во воените сили носеле светли нијанси на кармини бидејќи се мислело дека тоа делува смирувачки на војниците.

9. 1946

6 Eva Perón не била само политички активист и маркантна Прва дама на Аргентина, туку и икона на стилот. Нејзините медено-руси кадрици биле секогаш стилизирани во ниска волуменозна пунџа — создавајќи моден тренд кој бил масовно следен од многу жени во земјата и светот, далеку пред зачетокот на социјалните мрежи.

10. 1974

Седумдесеттите години биле важна декада за женското либерално движење во САД и пошироко: во 1971 година, Швајцарија конечно им го дозволи правото на жените да гласаат, во 1972 година Универзитетот Окфорд ги отвори своите врати за жените, a во 1976 година САД го изгласаа законот за Домашно насилство, со што домашното насилство веќе не претставувало само “приватна работа”. Тоа била и година на промена во модната и кзометичката индустрија. Beverly Johnson стана првиот женски модел кој ја красеше насловната страница на Американското издание на списанието Vogue.

11. 1980-ите

Долгата коса и потполнките не беа единствениот изглед кој ја одбележа оваа декада. Со лансирањето на музичкиот канал MTV во 1981 година, смелите и забавни стајлинзи на поп принцезите влијаеа врз жените ширум Америка. Впечатливи сенки за очи, дебела линија со туш за очи, розови образи и густи веѓи — девојките само сакаат да се забавуваат со лице полно шминка!

12. 2013

Супер тајфунот Јоланда опустоши многу области на Југоисточна Азија, вклучително и Филипините. Препознавајќи ја тежината на настанот, Секретаорт на одделот за Образование, Armin Luistro побарал донации на производи за убавина со цел да им ги подели на учителките во погодените области. Avon излегол во пресрет со своја донација, која содржела кутии со кармин во светли нијанси. “Avon е почестен од привилегијата која ја има, преку нашиот кармин, да биде дел од херојството на овие учители кои се враќаат на своите работи места поради своите ученици на кои тие им служат,” коментирал Faith Fernandez Aranton, првиот човек на одделот за ПР и комуникации на Avon Филипини.

13. 2015

Денес “моќната веѓа” го живее својот момент. Жените користат чупкалки, во комбинација со моливчиња за боење за да добијат нагласен изглед на веѓите.

Кој ќе биде следниот голем момент во светот на убавината? Времето ќе покаже.