Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

130 години на култните бои

Во чест на одбележувањето на 130-годишнината од своето постоење Avon и Убавина со цел вѐ водат низ времето преку култните бои кои ја одбележале секоја декада

Црвената боја по име Double Dare Red на Avon во 1940-ите години, кашмирните тонови на 80-тите години, па сѐ до розовите нијанси со моќно име Fearless Fuchsia и Aqua Pops денес, се потстетник на една ера. Во чест на прославувањето на 130-годишнината од своето постоење на AVON, Убавина со цел направи ретроспектива на модните стилови и боите кои се користеле за убавината во сите нејзини форми -  јаки, дискретни, елеганти и предизвикувачки.

Викторијанска ера

Инвенцијата на машината за шиење 40 години пред основањето на Avon во 1886-та година, заедно со новите впечатливи бои на текстилните материјали, ги охрабриле жените да ги вклучат новите и предизвикувачки бои во своите фустани, но шминката останала на некој начин, минимална и невпечатлива. Со подемот на фотографијата, жените се облекувале во нивните најубави фустани и целта им била да изгледаат најдобро што можат – што значело унапредување на природно убавиот изглед со суптилно зацрвенети усни и порцеланска кожа.

1910-ти

Танцовите двојки на баловите и приемите ги популаризирале модерните забави и станале првите амбасадори на козметиката. Со боб фризурите, кремите за разубавување и образите во нежна розова нијанса, во периодот на Првата Светска војна тие оддавале впечаток на здравје и целосна исполнетост.

1920-ти

Со немиот филм доаѓа времето на егзотичниот, вамп зачаден изглед на очите со нагласен црн туш за очи и маскара соодветна за убавиците присутни на попладневните матинеа. За смелите девојки, сѐ се вртело околу црвената боја. Темно црвените усни и црвенило на образите – а понекогаш и голи колена нагласени со предизвикувачки кратките здолништа – дале свој придонес козметиката да ја воздигне модата.

1930-ти

Привлечните усни на Холивудските старлети го направиле карминот уште покористен, особено нијансите на малина и костен, во комбинација со розова основа. За црно-белите филмови, костимографите знаеле точно кои сенки за очи во кои бои би биле видливи на големото платно – тиркизно сината боја изгледала како гламурозна сребрена, додека зелената давала порцелански изглед.

1940-ти

Во ерата на Втората Светска војна, шминката не била особено присутна, но сепак, жените продолжиле да купуваат кармини. Со ограничени опции во однос на бојата, денешната најпозната црвена нијанса, во тоа време испливала како стил и начин за подигање на моралот. Модните влијанија од Јужна Америка резултирале во прекрасни принтови инспирирани од џунглата, со прекрасни бои и шари.

1950-ти

Во повоениот период, убавината и модата го заземале централното место на Американската културна сцена, со што и колорната палета се проширила. Холивуд започнал да работи во боја, а жените ги користеле преферираните бои за нокти на тогашни најпознати старлети – интезивно црвена и скоро сите нијанси на розово. Ускладувањето на боите станало строго модно правило, а дамите ја координирале својата шминка со гардеробата, чантата и чевлите.

1960-ти

Различниот ранг на интереси во поп културата – од високата мода и цветниот хипи тренд, па сѐ до рокенролот и Мотаун – создал чувство на опуштеност кој се огледувал во помалку психоделичните бои кои станале присутни во колорните палети. Модните дизајнери и стилистите преку трендовите за шминка, започнале да ги рушат границите, со користење на вибрантни и живи нијанси.

1970-ти

Како светликава диско топка, шминката станала гламурозна со светкави, зачадени очи и драматични, нагласени веѓи. Независните и смели жени владееле, со зголемен обем на нијанси на пудра која ќе одговара на поголем обем на нијанси на кожа.

1980-ти

80-ите години ја донеле бојата на врвот, со поголемо, понагласено и посјајно виножито. Моќната црвена веројатно е препознатливата боја за овој период, која ја популаризирале американските дизајнери на спортска облека. Темните бои од претходната декада биле заменети со модро сини и крем тонови, кои се користеле на очите, усните, образите и ноктите.

1990-ти

1990-ите години биле буквално бледи, со студени и незабележливи бои. Со зголемено внимание на негата на кожата, свежиот изглед на лицето станал популарен - како оној на супермоделите, со природна свежина на лицето и сјајни усни во нијанси на праска и светло розова боја.

2000-ти

Негата на кожата и борбата против стареењето стануваат најчесто користени зборови во јавноста, а изгледот без шминка (кој, иронично, вклучува дури неколку производи), го рефлектира трендот на експресивни неутрални бои како крем, бела и сива. Зачадените очи и бледо сјајните усни се колорното дуо на денот.

2010-ти

О, среќни денови! Живееме во декада на експресивни бои, од портокалова до смарагдно зелена, кои даваат енергија и вибрации на секој изглед. Темно виолетовата, морнарско-сината, тиркизната и сѐ помеѓу се користат подеднакво и дома, кај тушот за очи и лакот за нокти. Тоа е во тренд, тоа е шик и е комплетно во мода.