Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

Поглед наназад: 130 години AVON иновации во негата на кожата!

SSS

 

Повеќе од цел еден век, од иновативните анти-ејџ серуми и кремови,  па сѐ до тониците за остранување на вишокот маснотии од кожата, Avon отсекогаш бил пионер во доменот на негата на кожата. На почетоците како California Perfume Company - компанија само за производство на парфеми, Avon набргу потоа станал светски познат по своите иновативни производи за нега, потхранување, смирување и подобрување на изгледот на кожата.Шансата е пред вас - фрлете мал поглед низ времето и откријте ја еволуцијата на Avon во светот на негата на кожата.

1896: Раните почетоци

Калифорнискиот екстракт со хамамелис бил еден од првите производи за нега на кожа кој станал дел од семејството на California Perfume Company. Направен од силен дистилат на растението хамамелис кое расте во вид на грмушка, тој служел како разладувачки и анти-воспалителен третман за кожата. Денес, хамамелисот може да се најде во Clearskin тоникот за длабинско чистење на порите.

 

1905: Најдобро од најдоброто

Формулиран да спречи формирање на брчки, кремот за масажа на California Perfumes Company ја потхранувал кожата и помагал во одбраната од влијанието на годините. Во 1919 година, Луксузниот лосион бил преименуван во Dermol крем за масажа.

 

1927: Победничката колекција е родена!

Компанијата ја лансирала својата прва колекција за нега на кожа: Gertrude Recordon третман за лице. Основачот на Avon, Дејвид Х. МекКонел ја избрал Recordon, познат експерт за убавина во тоа време, да помогне во креирањето на формулата за оваа луксузна линија за лице составена од четири производи. Колекцијата содржела тоник, крем за чистење, лосион од праска и потхранувач на кожата.

 

1930-ите: Големата експанзија

Иако земјата била на колена поради Големата депресија, Avon се ширел преку претставувањето на неколку производи за нега на кожа – како што е кремот за раце – лансиран во 1933-та година. Оттогаш наваму, ултра-хидратантниот лосион ги омекнува женските раце.

За време на 1930-те, Avon предизвикал бум со лансирањето на кремот за капење кој ја чисти и негува кожата. Привлечното шише го променило својот изглед, но квалитетот на неговата содржина останал врвен. Денес, постојат безброј пријатни мириси кои помагаат во намалувањето на стресот.

 

 

1940-ите: Сончевите денови

Е ова е две во едно! Лосионот за заштита од сонце на Avon кој ги одбива инсектите (1947) бил производ без кој не можеле да се замислат деновите поминати на плажа и покрај базен. Со заштита против ултравиолетовите зраци, а во исто време делувајќи како одбрана од досадните инсекти и комарци, направиле оваа победничка комбинација да биде сигурна заштита за љубителите на сонце.

 

 

1950-ите: Мирисна кожа во која се ужива

Парфимираниот омекнувач на кожа од АVON - Persian Wood претставувал високо-концентрирана кремаста формула која ги омекнувала и смирувала сувите области, истовремено ширејќи прекрасна миризба. Тој бил совршена мешавина и репрезент на компаниската стручност во изработката на парфеми и производи за нега на кожа.

 

 

1961: Претставувањето на Skin-So-Soft

Веќе половина век, Една од најпрепознаваните линии за лична нега – Skin-So-Soft, ги одржува телата меки и нежни. Денес, популарната линија вклучува изобилство од лосиони за тело, гелови за туширање и сезонски кремови.

 

1970-ите: Clearskin е во мода

За време на Женското движење за ослободување во 1970-ите години, многу жени ја прифатиле филисофијата “помалку-е-повеќе” во однос на шминката, а и како поткрепа на тоа, ја ставиле чистата кожа во фокусот на интерес. Тогаш се појавува и линијата Clearskin на Avon.

 

 

1980-ите: Популарна наука

Додека индустријата за декоративна козметика во 1980-ите  била преполна со нагласени и светли трендови, тимот за истражување и развој во AVON бил зафатен со креирање на врвни производи кои засекогаш ќе ја променат негата на кожата. Во 1986 година, AVON е првата компанија кога го стабилизираше ретинолот, состојка против стареење, во својот патентиран BioAdvance Beauty систем за обнова на кожата.

 

 

1990-ите: Науката во служба на убавата кожа

Во 1990-тата, AVON беше првиот кој ја претстави алфа-хидроксилната киселина на пазарот, преку лансирањето на линијата за нега на кожа ANEW. Напредните производи го содржеа комплексот за совршена кожа, со намена да ја намалат појавата на фини линии и брчки на кожата.

 

2000-2016: Иднина без несовршености

Avon продолжува да ја усовршува негата на кожата преку постојано унапредување на брендот. Од ANEW Youth Power серумот до Celluvive Complex кој е дел од колекцијата Anew Ultimate, Avon поседува беспрекорна репутација во линијата за нега за кожа, што го прави носечки бренд за жените ширум светот.