Mission logo
Oткриј ја тајната на
јапонската нега на лицето,
вечната младост на јапонските жени
се крие во уникатен ритуал
Mission е линија на оригинални јапонски козметички производи кои ја комбинираат напредната технологија, инспирирана од најновите научни откритија, со моќта на добропознатите природни состојки. Ова е вистинската суштина на јапонската убавина - богати формули, полни со најквалитетните состојки кои продираат длабоко во епидермисот.
Сè е создадено на таков начин, да хармонично ги комбинира традиционалните јапонски ритуали и ефикасната подмладувачка нега.
MISSION Y
MISSION ECLAT
RITUAL
откриј ја тајната на јапонската убавина Тајната на јапонскиот секојдневен ритуал се наоѓа во нанесувањето повеќе хидрантни слоеви, почнувајќи од најлесните, па сè до најконцентрираните формули, завршувајќи со нанесување на крем кој формира заштитна бариера на кожата.
Дневен ритуал за нега на лицето во 4 чекори:
step 1
Нежни пени за чистење ЈАПОНСКАТА НЕГА ПРЕПОРАЧУВА користење на пени за чистење како најдобар почеток на ритуалот за нега на лице - веднаш по отстранувањето на шминката од очите. Популарноста на пените за чистење се должи на нивните екстремно нежни формули кои ефикасно ги отстрануваат сите нечистотии, подготвувајќи ја кожата за хранливите состојки во производите кои потоа се нанесуваат.
Лосиони за длабинска хидратација ИНТЕНЗИВНАТА ХИДРАТАЦИЈА во форма на лосион е клучен чекор во ритуалот.Слично на тониците за лице, лосионите се користат по чистењето на лицето, за да го вратат оптималното pH ниво на кожата, во исто време овозможувајќи интензивна хидратација - исто како серумите.
step 2
step 3
Концентрирани и потхранувачки богати серуми и млека КОНЦЕНТРИРАНИТЕ ПОТХРАНУВАЧКИ ФОРМУЛИ, кои Јапонците ги нарекуваат „еликсир на младоста“, се третиот чекор од ритуалот. Тие на кожата ѝ овозможуваат бомба од хранливи состојки кои продираат во слоевите на епидермисот и го намалуваат оштетувањето на кожата предизвикано од стареење. Овие формули се погусти и поконцентрирани поради што мора да бидат нанесени веднаш по нанесувањето на лосионот. на лосионот.
Заштитни кремови за лице НАНЕСУВАЊЕТО КРЕМ ЗА ЛИЦЕ е последниот чекор од јапонскиот ритуал за нега. Неговата задача не е само длабински да ја потхрани кожата, туку и да создаде невидлива заштитна обвивка, благодарение на која сите хранливи состојки од претходните чекори ќе останат во епидермисот, овозможувајќи ѝ на кожата сè што ѝ е потребно за да го задржи младешкиот изглед.
step 4
mission_Y logo Ритуал за младешки сјај директно од срцето на јапонија
MISSION Y е одговорот на потребите за нега на кожа на жените во своите 30-ти, кои ги забележуваат првите знаци на стареење: тенки линии,дехидрирана и уморна кожа, како и сивкаст тен на кожата.
Почувствувај го луксузното искуство на јапонските СПА третмани
product image
НЕЖНА ПЕНА ЗА ЧИСТЕЊЕ со состав сличен на крем, кој се разградува и ефикасно ја отстранува шминката, вишокот себум и нечистотиите без силно триење на кожата. ЦЕНА: 165000
product image
ЛОСИОН ЗА ИНТЕНЗИВНА ХИДРАТАЦИЈА со течен состав, кој идеално се распоредува и брзо навлегува во кожата, со што овозможува интензивна хидратација, измазнување и младешки сјај. ЦЕНА: 225000
product image
КОНЦЕНТРИРАНО МЛЕКО ЗА ЛИЦЕ со свиленкаст состав, за мазно нанесување, веднаш хидрира, ја измазнува кожата и ја зајакнува нејзинатА заштитна обвивка. ЦЕНА: 225000
product image
ПОТХРАНУВАЧКИ ДНЕВЕН И НОЌЕН КРЕМ со богат состав, брзо се впива, оставајќи невидлива обвивка на кожата која ефикасно ги задржува активните состојки од претходните чекори. ЦЕНА: 255000
Порачај го целиот комплет и погледни како производите се надополнуваат за да ја трансформираат твојата кожа! ЦЕНА: 785000
Ритуал за подмладување директно од срцето на јапонија
Напреден одговор на потребите за нега на кожа на жените во своите 40-ти, кои се борат со видливите знаци на стареење, како што се длабоките брчки и загубениот младешки сјај,еластичност и густина.
Создавањето на оваа линија козметички производи беше инспирирано од Нобелово-награденото истражување на молекулот на рибонуклеинската киселина во кожата. Според ова истражување, протеините кои го разложуваат колагенот можат да бидат намалени,додека протеините кои го поттикнуваат создавањето колаген може да бидат зголемени.
product image
ЛУКСУЗНА ПЕНА ЗА ЧИСТЕЊЕ со густ, богат состав и нежен, деликатен мирис на роза; совршено ги отстранува шминката и нечистотиите, враќајќи му ја на лицето кадифената мекост, измазнетост и беспрекорен изглед. ЦЕНА: 195000
product image
ЛОСИОН ЗА ИНТЕНЗИВНА ХИДРАТАЦИЈА со богат, но течен состав, секоја капка продира во најдлабоките слоеви на епидермисот, обезбедувајќи ѝ на кожата долготрајна, потхранувачка хидратација и младешки сјај. ЦЕНА: 305000
product image
КОНЦЕНТРИРАН СЕРУМ со богат состав, рамномерно се измазнува на кожата додека хранливите состојки продираат во слоевите на епидермисот, задоволувајќи ги потребите на зрелата кожа: потхранување, омекнување и еластичност. ЦЕНА: 345000
product image
ПОДМЛАДУВАЧКИ ДНЕВЕН И НОЌЕН КРЕМ со богат состав, брзо се впива, на кожата ѝ го враќа совршениот изглед, притоа оставајќи невидлива обвивка која ефикасно ги задржува сите активни состојки од претходните чекори ЦЕНА: 305000
product image
НАПРЕДЕН ПОДМЛАДУВАЧКИ КРЕМ ЗА ОКОЛУ ОЧИ И УСНИ со екстремно богат, кремест состав, брзо се впива, а на кожата ѝ обезбедува потхранување и хидратација, зголемувајќи ја еластичноста и намалувајќи ги тенките линии околу очите и усните, во исто време враќајќи го свежиот и одморен изглед. ЦЕНА: 305000
product image
МАСКА Почувствувај го луксузното искуство на јапонските СПА третмани, благодарение на уникатната јаглеродна хидрантна маска за лице, збогатена со хијалуронска киселина и матичен млеч. Нанесувај еднаш неделно по чистењето со пената за лице и пред нанесувањето на хидрантниот лосион. Нанеси еднаков слој на чиста, сува кожа, избегнувајќи го пределот околу очите и усните. Остави да делува 10 минути. Исплакни темелно со млака вода, а потоа исуши ја кожата со тапкање. ЦЕНА: 295000
Порачај го целиот комплет и погледни како производите се надополнуваат за да ја трансформираат твојата кожа! ЦЕНА: 1300000
X