ИНОВАЦИЈА ПРОИЗВОДИ ВАШИОТ РЕЖИМ НА НЕГА ШТО Е НОВО СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ
 
назад на линија на производите

ПРОИЗВОДИ

Домашна козметика замена за естетските хируршки интервенции

Anew ви нуди врвни третмани против стареење кои ќе ги заменат скапите и долги хируршки корекции.



Пилинг за подобрување на текстурата на кожата

Намена
Нерамномерна текстура и тен на кожата и дисколорации

Како делува
Високо ефикасната гликолна киселина и природните ублажувачи заедно во комбинација за постигнување на резултати подобри од пилинзите со 35% гликолна киселина без иритации.** Гликолната киселина ги отстранува мртвите клетки и им овозможува на здравите клетки да дојдат на површината. Морските и ботанички екстракти ја ублажуваат и смируваат кожата и и помагаат да се самонеутрализира.



Резултати
  • Веднаш, открива блескава текстура и чист тен.*
  • По 1 недела го враќа рамномерниот тен.
  • По 4 недели, 100% од жените забележаа подобрување на текстурата и 91% забележаа рамномерен тен.**
  • По 7 недели, се забележуваат подобри резултати отколку со употреба на пилинзи со 35% гликолна киселина.

  • *Базирано на тестирање на реакциите на корисниците.
    **Базирано на дерматолошки контролирано клиничко тестирање.
    ***Базирано на 6 клучни атрибути.

    Употреба
    По чистењето и сушењето на лицето поминете со рапавата страна на тампончето преку лицето избегнувајќи ја областа околу очите. Потоа нанесете ја вашата Anew хидрантна крема и крема за околу очи.



    НОВ Третман за дермоабразија

    Намена
    Тмурна, безживотна кожа и зголемени пори

    Како делува
    Првиот третман за дермоабразија во 4 нивоа. Револуционерното двојно пакување ви дозволува да ја одредите јачината на состојките секоја наредна недела, слично како дерматолошките процедури во повеќе чекори.** Започнува со најслабото ниво и се зголемува секоја недела за постигнување брзи резултати за младешка кожа.



    Резултати
  • Веднаш, открива видливо поздрава и поблескава кожа
  • По 2 недели (Ниво 1) ја измазнува грубата и првутава кожа и ги намалува порите*
  • По 4 недели (Ниво 2) кожата е обновена и посвежа*
  • По 6 недели (Ниво 3) тенот на кожата значително се изедначува*
  • По 8 недели (Ниво 4) 100% од жените забележаа подобрување на чистината и тенот на кожата**

  • Употреба
    По чистењето на лицето нанесете на мокра кожа и масирајте 1 - 2 минути, пред да исплакнете. Користете 2 - 3 пати неделно правејќи 2 дена пауза меѓу нанесувањата. Користете го првото ниво 2 недели, потоа продолжете со второто, третото и четвртото ниво користејќи го секое по 2 недели. Потоа нанесете од вашата Anew хидрантна крема и крема за околу очи..



    Серум со ласерско дејство

    Намена
    Црвенило и испукани капилари

    Како делува
    Уникатен апликатор во вид на рол-он со патентирана Triple-Pulse технологија формулирана да ги намали испуканите капилари и црвенилото, да ги избледе дисколорациите и да ја намали хиперпигментацијата





    Резултати
  • По 1 недела се намалуваат несовршеностите на кожата, дамките и црвенилото. **
  • По 4 недели 97% oд жените забележаа изедначување на тенот. **
  • По одредено време се забележува 25% намалување на испуканите капилари и 46% намалување на црвенилото. **

  • Употреба
    Секоја вечер нанесете на чисто и суво лице. Поминете со рол-он апликаторот на областите склони кон дисколорации, а потоа со прстите нежно натапкајте ва кожата додека не се впие. Потоа нанесете ја вашата Anew хидрантна крема.



    Концентрат против длабоки брчки со Бохилурокс

    Намена
    Мимички линии околу очите, устата и челото

    Како делува
    Ексклузивната бохилурокс технологија содржи моќен микс од природни, активни состојки кои ги пополнуваат и опуштаат длабоките мимички линии.





    Резултати
  • Веднаш, ги омекнува и релаксира мимичките линии.*
  • По 2 недели, значително ги намалува линиите околу устата.*
  • По одредено време, 94% од жените забележаа намалување на брчките на слепоочниците и брчките на лицето.**

  • Употреба
    Нанесете наутро и навечер, на исчистено лице на засегнатите делови и нежно размачкајте со движења нагоре и нанадвор. Потоа нанесете од вашата омилена Anew хидрантна крема.



    Гел и крема за лифтинг третман на областа околу очите

    Намена
    Опуштени и свенати очни капаци и брчки

    Како делува
    Првиот двоен третман за околу очи кој ја затега целокупната област околу очите
    - Ексклузивната Dimensional Lift технологија за очните капаци и под веѓите е формулирана да го стимулира колагенот и еластинот за да ја затегне кожата
    - Напредната Derma-Refi ne технологија за под очите е формулирана за да го забрза клеточниот метаболизам и да ги намали брчките


    Резултати
    Во комбинација овие 2 формули даваат инстант лифтинг на областа околу очите Очните капаци:
  • веднаш го затегнува делот над очите
  • по 4 недели ја намалува свенатоста и опуштената кожа.**

    Под очите:
  • по 4 недели се намалуваат брчките.**
  • со редовно користење се намалува свенатата кожа.**

  • Употреба
    Секое утро и вечер, по нанесувањето на дневната или ноќна крема, нанесете од гелот на очните капаци и под веѓите, а од кремата нанесете под очите како и на слепоочниците.



    Третман за зголемување и мазнење на усните

    Намена
    Тенки и недефинирани усни и брчки околу усните

    Како делува
    Овој третман со двојна формула е стик со два краја и содржи крема за усните и измазнувачки третман за околу усните. Ги дефинира, омекнува и ги исполнува усните, намалувајќи ги тенките линии и брчки
    околу усните.


    Резултати
    По само едно нанесување усните се помазни и поисполнети. Со редовно користење 78% oд жените забележаа подмладување и дефинирање на усните.

    Употреба
    Користете 2 пати дневно, нанесувајќи од сивиот дел на усните и од белиот дел околу усните.



    Крема за корекција на брчки

    Намена
    Брчки на повеќе делови од лицето.

    Како делува
    Мултидимензионален одговор на Anew за корегирање на длабоките линии и брчки со ексклузивна 4Д Wrinkle Reverse Технологија која ги зајакнува четирите витални структурни поддршки на кожата - колаген, еластин, хидропротеини и протеини за амортизирање на стресот - за да ја подобри еластичноста и видливо да ги намали брчките.




    Резултати
  • Преку ноќ видливо ги намалува линиите и брчките
  • По 2 недели ги намалува дури и најдлабоките брчки
  • Со редовна употреба, 91% oд жените изјавија дека забележале намалување на брчките.*

  • Употреба
    Нежно вмасирајте на лицето и вратот посебно на деловите со најмногу линии и брчки. Потоа нанесете ја вашата омилена Anew крема.



    Крема за лифтинг на лицето Thermafirm

    Намена
    Свената кожа и недостиг на младешки облик на лицето

    Како делува
    Најефикасната лифтинг крема на Anew е формулирана со ексклузивната Triple-Sonic технологија која формира 3Д структура и ги зацврстува врските помеѓу слоевите на кожата обезбедувајќи лифтинг ефект.






    Резултати
  • За само 3 дена кожата изгледа позатегнато и поцврсто. *
  • По 4 недели, 87% од жените забележаа враќање на младешките контури на лицето. *
  • По 8 недели, 76% од жените забележаа намалување на свенатата кожа. **

  • Употреба
    Секоја вечер нанесете на исчистено лице и врат. Потоа нанесете од вашата Anew хидрантна крема.



    Професионален третман за обликување на телото Lift & Tuck

    Намена
    Свенат и опуштен задник и стомак.

    Како делува
    Уникатен третман за тело специјално формулиран со Vacu-Shape технологијата на Anew. Има неколку функции кои активно помагаат во обликување на телото. Затегнува и тонира преку давање енергија и отстранување на вишокот вода при тоа зајакнувајќи ја кожата и подобрувајќи ја нејзината структура.




    Резултати
  • По 12 недели користење 100% oд жените забележаа подигнат задник, а 93% забележаа значително зацврстување на кожата на стомакот.

  • * Базирано на тестирање на реакциите на корисниците
    ** Базирано на дерматолошки контролирано клиничко тестирање

    Употреба
    Секое утро и вечер вмасирајте обилно на задникот и стомакот.



    Третман против целулит со тројно дејство

    Намена
    Знаци на целулит на горниот дел на нозете, задникот и колковите.

    Како делува
    Веднаш ја измазнува и зацврстува кожата во 5-те клучни делови: бутовите, задникот, колковите, струкот и стомакот. Овој ексклузивен комплекс нуди три акции против целулитот во едно: ги разбива масните наслаги, дренира и го стимулира производството на колаген и еластин за да ја зајакне и зацврсти кожата.





    Резултати
  • Видливо го намалува целулитот за 22%. **
  • По одредено време 89% oд жените забележаа видливо подобрување на текстурата на кожата и намалување на обемот на колковите и задникот. **


  • Употреба
    Секое утро и вечер вмасирајте темелно на деловите зафатени со целулит.