назад на линија на производите
ПРОИЗВОДИ
Моќта на природата во комбинација со науката
ANEW Alternative го комбинира најдоброто од лековитите билки од Истокот со најиновативните западни технологии против стареење. Anew Alternative линијата е збогатена со ботанички екстракти, традиционални кинески медицински билки, како и сок од калинка, екстракт од анасон и кокос. За жени со умерени знаци на стареење.
Дневна крема за интензивен третман против стареење со заштитен фактор 25
НАМЕНА:
Умерени знаци на стареење: брчки, намалена цврстина и дисколорации.
КАКО ДЕЛУВА:
Ексклузивната хербална комбинација од источни лековити билки и напредна западна технологија е создадена да го спречи оштетувањето предизвикано од
процесот на гликација и да го активира природниот обновувачки процес на кожата. Широкиот спектар на заштита со фактор 25 ја штити кожата од понатамошно оштетување од сонцето.
РЕЗУЛТАТИ:
По 1 недела, ги намалува тенките линии, брчки и дисколорации.**
По 2 недели, 93% од жените забележаа поцврста кожа.*
УПОТРЕБА:
Секое утро нанесете на исчистено лице и врат со движења нагоре и нанадвор. Потоа нанесете од вашата Аnew крема за околу очи
НОЌНА КРЕМА ЗА ИНТЕНЗИВЕН ТРЕТМАН ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ
НАМЕНА
Умерени знаци на стареење: брчки, намалена цврстина и дисколорации
КАКО ДЕЛУВА
Луксузната комбинација на источни лековити билки и напредна западна технологија е формулирана да ги спречи штетните ефекти на гликацијата во кожата
и да го активира прородниот процес на обнова на кожата кој ги намалува умерените знаци на стареење.
РЕЗУЛТАТИ
Преку ноќ ги намалува тенките линии и брчки и ја враќа цврстината на кожата. *
По 2 недели ги намалува дисколорациите и нерамномерниот тен. **
УПОТРЕБА
Секоја вечер нежно вмасирајте на исчистено лице и врат со движења нагоре и нанадвор. Потоа нанесете од вашата Anew крема за околу очи.
ИНТЕНЗИВНА КРЕМА ЗА ОКОЛУ ОЧИ
НАМЕНА
Умерени знаци на стареење: темни кругови и тенки линии.
КАКО ДЕЛУВА
Ексклузивниот Multi-Fade комплекс комбинира источни лековити билки и западна технологија и е наменет да ги отстрани причините за појава на темни
кругови под очите преку подобрување на микроциркулацијата и спречување на прекумерната пигментација.
РЕЗУЛТАТИ:
За само 7 дена избледуваат темните кругови.*
По 4 недели, 85% од жените забележаа намалување на темните кругови** па дури и најупорните темни кругови се намалуваат.*
УПОТРЕБА
Секое утро и вечер, по нанесување на дневната или ноќна крема нанесете мала количина на областа околу очите со малите прсти.
Третман за заштита од сонце со заштитен фактор 15
Намена:
Забележавте оштетување од сонцето на кожата, темни дамки и дисколорации?
Како делува
Ги избледува темните дамки и го спречува понатамошното оштетување од сонцето преку намалување на ензимите кои предизвикуваат прекумерна пигментација и ја штити кожата од сонцето.
Резултати
За 7 дена темните дамки и пеги почнуваат да бледеат, а по 2 недели кожата оштетена од сонцето изгледа значително посветло.
Употреба
Нанесете секое утро како дневна хидрантна крема, избегнувајќи ја областа околу очите. Користете самостојно или над вашата омилена Anew крема.
|