Ние во AVON веруваме во подобар свет за жените, што значи и подобар свет за сите. Горди сме на сите донации направени во изминатите 13 години и партнерството со Здружението за борба против рак “Борка – за секој нов ден”, како и за континуираните напори за подигнување на свесноста за потребата од редовни прегледи на дојките, како дел од нашата кампања за Борба портив ракот на дојка …но ние не запирамe тука! Ракот на дојка е глобален проблем кој допира милиони животи, без оглед на географија, раса, пол, религија и национална припадност. Затоа, AVON на глобално ниво е неуморен борец за подигнување на свесноста за оваа болест.
 
Во месец октомври кој посветен на борбата против ракот на дојка, ние сме во мисија да го зајакнеме фондот за донации со што дополително ќе ја поддржиме работата на нашите Борки.
Ни треба вашата поддршка!

#BoobWatch
#WatchForChange
#ПогледниПровериПромени

Редовниот самопреглед на дојките е првиот и многу важен чекор за рана детекција на ракот на дојка. Прави го еднаш месечно, како дел од твојата нормална рутина при туширање или одмор, затоа што раната детекција спасува животи!

ВРЕМЕ Е ЗА САМОПРЕГЛЕД!

Дали знаеш дека, 1 од 8 жени се дијагностицира со рак на дојка во извесен период од нејзиниот живот? Мажи, слушнете го ова и вие, бидејќи околу 400 мажи годишно во светот исто така заболуваат од рак на дојка! Еве на што треба да обрнеш внимание за време на самопрегледот!

САМОПРЕГЛЕДОТ МОЖЕ ДА БИДЕ И ЗАБАВЕН!

Доколку сакаш лесно да ги запомниш движењата за самопреглед, научи ги чекор по чекор преку музика и игра!

AVON UK во соработка со блогерката Roxanne Barcelo, ти помагаат да ги усовршиш и лесно да правиш редовен самопреглед!

ВКЛУЧИ СЕ И ДОНИРАЈ!

Продажбата на производи со розова панделка е специјално наменета за собирање на средства за помош и поддршка на нашите кампањи за свесност и едукација на популацијата за ракот на дојка, функционирање на СОС линијата 075 22 88 99 како и за одржување на редовните активности на нашиот партнер, Здружението “Борка - за секој нов ден”.
Избери розов производ и стани дел од нашето #BoobWatch движење!

ПОРАЧАЈ И ПОМОГНИ!

AVON на #RaceForTheCure2020

Како златен спонзор на првата дигитална розова трка, AVON трчаше и чекореше за унапредување на третманот на пациентите со рак на дојка, за редовни годишни мамографски прегледи и за подигнување на свесноста за оваа болест која е 100% излечива, доколку се открие на време.

ПОГЛЕДНИ ЈА #RFTC2020 ГАЛЕРИЈАТА