РЕГИСТРИРАЈ СЕ СЕГА

ОФИЦИЈАЛНИ ПРАВИЛА ЗА ПРОМОТИВНА АКТИВНОСТ

• Оваа промотивна активност е организирана од Авон Козметикс ДООЕЛ со адреса на Кукушка 8, Скопје (во понатамошниот текст “Организаторот”)
• Главна награда е Електричен тротинет XIAOMI M365 во бела боја. Периодот на програмата е од 23.09- 13.10.2020
• Механизмот на програмата е следен: Стани AVON Претставник во периодот од 23.09- 13.10.2020 (К13), порачај производи во вредност од најмалку 1.000 денари во К13 и 1.000 денари во текот на К14 (14.10- 03.11.2020) и ќе учествуваш во лотарија за електричен тротинет.
• Извлекувањето ќе се случи по завршувањето на К14 во видео во живо во затворената група за Претставници на Facebook.
• Во лотаријата ќе биде извлечен еден добитник кој ќе добие подарок електричен тротинет- XIAOMI M365 во бела боја.
• Подарокот ќе му биде доставен на домашна адреса на добитникот во рок од 2 недели по извлекувањето.
• Во лотаријата може да учествуваат лица кои имаат навршени 16 години на денот на извлекувањето
• Доколку добитникот не може да го прими подарокот поради непотпишан или некомплетен договор со AVON, тој/таа ќе биде заменет со друг добитник кој исто така ќе биде извлечен на лотарија. Доколку и тој Претставник нема потпишан или некомплетен договор со AVON, тогаш и тој/таа се заменува со следен добитник, сé додека не се добие 1 Претставник кој ќе биде добитник на подарокот.
• Подарокот не може да биде заменет со пари, или било каков еквивалент на продуктот
• Подарокот- електричен тротинет XIAOMI M365 ќе биде доделен со дополнително 2 резервни гуми + 1 година гаранција
• Добитникот на подарокот ќе биде објавен во рок од 10 дена од извлекувањето и објавен на Претставничкиот сајт на www.avoncosmetics.com.mk
• Во рок од 5 дена по лотаријата, организаторот ќе го контактира добитникот по телефон или е-маил за да побара податоци за испораката на подарокот- Електричен тротинет.
• Подарокот ќе биде доставен преку Делко. AVON не е одговорен во случај да е дадена погрешна адреса, или доколку при доставата настане оштетување на производот.
• Сите Претставници кои ќе приклучат во AVON доброволно ги споделуваат своите податоци- Име, презиме, адреса и останати податоци, за што потпишуваат карта за регистрација. Податоците за испорака дополнително се проверуваат пред да биде испратен производот.
• AVON го задржува правото да ги измени условите на програмата и подарокот, откако ќе ги комуницира промените на www.avoncosmetics.com.mk