Ние во AVON веруваме, дека тестирањето на козметика врз животни е непотребно. Повеќе од 30 години работиме на тоа да се стави крај на тестирањето врз животни и усвојување на алтернативни методи. Горди сме, што сме една од првите глобални козметички компании кои ставија крај на тестирањето врз животни.1

Со текот на годините ги здружувавме нашите сили со голем број организации за заштита на животни, вклучително и со Институт за ин витро науки (IIVS), FRAME, Humane Society International и PETA. Во декември 2019 PETA го одликуваше AVON како „компанија која работи за регулаторни промени“ - престижно признание за нашите напори за развој, потврдување и усвојување на методите кои не се од животинско потекло за тестирање во козметичката индустрија.

Секогаш можеме повеќе!

ПАРТНЕРСТВО СО CRUELTY FREE INTERNATIONAL

Чест ни е да објавиме дека AVON сега е официјален партнер на Cruelty Free International – водечка организација која работи на прекинување на експериментирањето врз животни ширум светот. Целосно ја прифаќаме визијата на Cruelty Free International за свет во кој експериментите врз животни во козметичката индустрија не се ниту посакувани, ниту се разгледуваат како неопходни. Ова партнерство е исклучително вредно признание и извор на гордост бидејќи се надоврзува на долгогодишната посветеност на AVON за благосостојба на животните.

Angela Cretu - Главен извршен директор на AVON:
„Avon е бренд кој со години е посветен на создавање подобар свет за секого. Горда сум на нашето партнерство со Cruelty Free International, што ја нагласува нашата 30-годишна посветеност кон хуманиот третман врз животните.'

ОДОБРУВАЊЕ ЗА ПРОГРАМАТА LEAPING BUNNY

Програмата Leaping Bunny на Cruelty Free International е глобално признат златен стандард за козметика без суровост. Ова е најдобрата гаранција за потрошувачите дека брендот е посветен на елиминирање на тестирањето врз животни од својот целокупен синџир на производство.

Горди сме и возбудени затоа што добивањето на ова одобрение во рамките на програмата Leaping Bunny е сериозно постигнување. Потребно е време, ресурси и усогласување со строгите критериуми како што е имплементацијата на внатрешен систем за следење на добавувачите, верификација на синџирот за снабдување за тестирање на состојки врз животни.

За одобрувањето во рамките на програмата Leaping Bunny е потребна годишна обврска на континуирано следење на добавувачите и независни ревизии. Ова е најдобрата гаранција за потрошувачите дека брендот навистина не тестира врз животни.

Од 3 јули 2023 година, сите мириси, производите од линиите AVON Care и Anew добиваат одобрение за програмата Leaping Bunny. Среќни сме што го прославуваме овој значаен настан, но не застануваме тука! Работиме напорно на остатокот од портфолиото и сме на пат да добиеме одобрение за сите козметички производи на AVON во следните 12 месеци.

Michelle Thew, Главен извршен директор на Cruelty Free International:
„Среќна сум што можам да го објавам нашето партнерство со AVON. Тоа што работиме со нив за да помогнеме да се стави крај на козметичкото тестирање врз животни, да ги објавиме нивните мириси, производите од линиите AVON Care и ANEW како официјално одобрени во рамките на програмата Leaping Bunny е навистина важен настан за козметичката компанија. Со нетрпение очекувам да го продолжиме нашето партнерство и да го одобриме целокупното портфолио на производи на AVON во следните 12 месеци.
Добредојде AVON во семејството на Leaping Bunny!“

УБАВИНА НА ДОБРИНАТА

Прекинувањето на тестирањето на козметиката врз животни ширум светот е само едно од многуте каузи на кои ние во АVON сме посветени. Но во нивната суштина сите се поврзани и се вкоренети во верувањето дека сите луѓе, планетата и секое живо суштество заслужуваат добар третман.

Ние во АVON сакаме да придонесеме за подобар свет - токму на тоа сме посветени. Без разлика дали тоа е начинот на кој ги поддржуваме нашите заедници ширум светот, нашиот напредок кон одржливост или нашата континуирана посветеност да работиме одговорно, ние ние сме посветени да правиме добро.

1. Поврзани објавени глобални одлуки за благосостојба на животните и сертификација за тестирање на животни од ноември 2019 година.