Исто како COVID-19, и семејното насилство не познава граници ниту географија. Тоа е тивка епидемија која се проценува дека ќе ги афектира животите на 35% од жените жирум светот и често е скриена зад затворени врати.

И сега, во екот на пандемијата со корона вирусот, овие жени и деца се исклучително ранливи и подложни на семејно насилство: тоа претставува несакана последица од мерките за изолација кои ги оставаат жртвите затворени дома со нивните насилници.

Со кампањата #ИзолиранаНоНеСама, ние преземаме иницијатива за поддршка на жените кои се под зголемен ризик или веќе трпат семејно насилство, засилено од изолацијата и притисокот поради корона вирусот.

Avon Фондацијата за жени ќе донира 1 милион долари на невладини организации и граѓански здруженија кои обезбедуваат нужна услуга и помош, како што се СОС линии за поддршка и простор за згрижување на жените и децата кои имаат потреба од заштита и помош, а воедно и донираме производи за лична хигиена како сапуни и санитетски материјал на многу места ширум светот.

Кај нас, AVON Фондацијата за жени ќе донира 7.000$ на Кризниот центар “Надеж”, за поддршка на СОС линијата за жртви на семејно насилство, како и за обезбедување на соодветни услови во нивниот згрижувачки центар.

Упативме и отворено писмо да ги помогне условите за работа на организациите кои пружаат поддршка и помош на оваа категорија на лица. Писмото е достапно овде.

И ТИ МОЖЕШ ДА ПОМОГНЕШ!

Секој од нас може да помогне во откривањето на случаите на семејно насилство и спасувањето на нечиј живот. Хуманоста не познава граници, а на центрите за поддршка на жртвите од семејно насилство им треба вашата безрезервна поддршка.
CSR products

Листата на достапни служби за поддршка на жртви од семејно насилство ќе на најдеш тука.

Приклучи се на нашата кампања и донирај за свет без насилство! Сподели ја оваа страница на твојот профил на социјалните мрежи со хаштагот #isolatednotalone и #ИзолиранаНоНеСама и рашири ја пораката!