135 ГОДИНИ СОЗДАВАМЕ ПОЗИТИВНИ ПРОМЕНИ ЗА ЖЕНИТЕ

Од основањето во 1886 година, Avon создава позитивни промени во светот на жените, обезбедуваме можности за финансиска независност, обуки и развој. Им дадовме можност за сопствен бизнис, 32 години пред да добијат право на глас.
Ние сме првите, кои во 1955 г. обезбедија стипендии. Застанавме зад сè што е важно за жените и ги поддржуваме во нивните најважни битки, со донации кои надминуваат износ од 1 милијарда долари. Поддржавме повеќе од 14 милиони жени, со цел да го надминат семејното насилство и обезбедивме над 16 милиони профилактички прегледи во борбата против ракот на дојка.
Подобрување на животот на жените - е во срцето на нашата компанија, бизнис модел и општествена одговорност.

Сите наши постапки се водени од верувањето:

ПОДОБАР СВЕТ ЗА ЖЕНИТЕ Е ПОДОБАР СВЕТ ЗА СИТЕ

Повеќепати се покажало - кога жените се успешни, тогаш целото општество просперира.

Родовата еднаквост позитивно влијае...

AVON Е БРЕНД ЗА УБАВИНА, ЗА ЖЕНИТЕ КОИ ВЕРУВААТ ВО СВОЈАТА МОЌ

Ние веруваме дека подобар свет за жените е подобар свет за сите. Бидејќи кога жените напредуваат, тоа позитивно влијае на општеството, економијата и целата планета.
Затоа со секоја акција што ја преземаме, ги поддржуваме жените да го реализираат својот потенцијал.
Ние сме бренд за убавина за жени кои веруваат во својата моќ.
Жените кои продолжуваат да се обидуваат. Жените кои победуваат. Жените, кои се издигнуваат и ги инспирираат оние околу нив.
Жените, кои се сами свои шефови, заработуваат и градат длабоки лични односи. Жените кои се борат со ракот на дојка, семејното насилство и нееднаквоста.
И сето тоа додека ја споделуваат љубовта кон убавината.
Ние сме бренд за убавина што ја буди твојата моќ.
Со обоени и смели нокти за самоуверено ракување.
Со полни и смели усни за да се зборува храбро.
Здрава блескава кожа за да ја долови секоја можност.
Добредојде во новата ера на можности. Таму, каде жените веруваат во својата моќ и блескаат силно под сончевите зраци, за да може светот да ги види и да им аплаудира.

ОСТАНУВАМЕ ОТВОРЕНИ ЗА СИТЕ, НЕЗАВИСНО ОД РАСАТА, ПОЛОТ ИЛИ СЕКСУАЛНАТА ОРИЕНТАЦИЈА

Секоја жена е родена со единствена моќ, но нееднаквоста меѓу родовите не ѝ дозволува да го развие својот целосен потенцијал. Нема да престанеме да зборуваме отворено и да се бориме за позитивни промени, додека не постигнеме еднаквост, затоа што веруваме во подобар свет за жените кој е и подобар свет за сите.
Но покрај тоа, тука е и нашата заложба за уште поголема вклученост.
Отворени сме за сите, без разлика на пол, сексуална ориентација, раса, религија или возраст. Стоиме зад каузите кои најмногу ги погодуваат жените - ракот на дојка и родовото насилство - и се стремиме да ги информираме сите, да преземат акција на начин кој е инклузивен, отворен и води до позитивни промени за сите.

ПОВЕЌЕ ОД 20% ОД СЕКОЈА ПРОДАЖБА ПОМАГА ВО СОЗДАВАЊЕТО НА ПОДОБРА ИДНИНА ЗА ЖЕНИТЕ

Во срцето на компанијата се нашите претставници, милиони жени ширум светот заработуваат дополнителни приходи со Avon.
Претставниците заработуваат повеќе од 20% од цената на секој производ, што го купувате. Затоа, секој пат кога ќе изберете да купувате во Аvon, не купувате само кармин, крема за лице или шампон, туку ги поддржувате жените и помагате да се изгради подобра иднина.

Но, тоа не е се. Аvon инвестира над 100 милиони долари годишно, за обука и награди за претставниците ширум светот, со цел да им помогнеме да го изградат својот бизнис и да развијат нови вештини.

Avon има долга историја во донирање средства кон невладини организации кои ги поддржуваат женските каузи. До овој момент придонесовме повеќе од 1 милијарда долари, донирајќи во просек над 10 милиони долари секоја година во изминатата деценија.

ПОДАРУВАМЕ НАДЕЖ ВО БОРБАТА ПРОТИВ РАКОТ НА ДОЈКА

Раното откривање на ракот на дојка може да спаси живот. Во Аvon го претпочитаме овој позитивен поглед на болеста која секоја година убива стотици илјади жени ширум светот. Ние веруваме дека превенцијата и раната дијагноза се наша мисија и дека ниту една жена не треба да го загуби животот заради незнаење.
За Аvon најважни се релациите меѓу жените.
Милиони жени ширум светот се дел од заедницата. Ние го користиме секој дел од нашот бизнис, во секој дел од светот, секој ден, работејќи во тесна врска со нашата мрежа од партнери, за да им помогнеме на 100 милиони жени годишно да бидат информирани за здравјето на своите гради.

ЗБОРУВАМЕ ОТВОРЕНО ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИ

Насилството врз жените и девојчињата е најчестото прекршување на човековите права во светот. Според податоците на ОН, секоја трета жена ќе искуси физичка или сексуална злоупотреба во текот на својот живот. Насилството од интимниот партнер не дискриминира и може да засегне секого, без разлика на расата, етничката припадност, сексуалната ориентација, пол или религија. Згора на тоа, семејното насилство сè уште е табу тема. Заради страв, срам или вина, многу жени страдаат во тишина, го оправдуваат насилникот и не се осмелуваат да стават крај на молкот. Тоа е нашата цел да се подигне свеста за овој социјален проблем, да се зајакне чувствителноста на општеството, како и да им се помогне на настраданите жени и нивните деца да најдат засолниште и заштита во кризни советувалишта.